Крунисана погрешна мисица на годинешниот избор за убавина
Ариадна Гитерез од Колумбија беше крајно разочарана кога водителот Стив Харви по грешка и ја предаде победничката круна, прогласувајќи ја за Мис Универзум. Вистинската мисица е Филипинката Пиа Алонзо Вуртбах.
Водителот мораше да се извини за својата грешка, објаснувајќи дека ги заменил имињата на победничката и првата придружничка.
Филипинката Вуртбах шокирано ја покри устата, а потоа излезе на главна бина за да ја преземе круната од погрешната девојка. Организаторите испратија извинување до девојките, а Харви се извини и преку Twitter.
Видеото во прилог;