#22ро продолжение
Каталина излезе од лифот на приземјето од зградата на Фалкон Ерлајнс. Се себе носеше потребна документација за состанокот кој и го наметна Мануел, кога почувствува како некој ја повлекува за раката наназад. Се заврте и го забележа Себастијан пред себе. Гледајки ги повторно тие очи пред себе, почувствува како срцето забрзано и лупа.
– Морам да зборувам со тебе.
– Не можам. Брзам на состанок.
– Не ме интересира. Ова е поважно.
– Ајде да видам што е толку важно. Имаш три минути. Најмалку што сакам е Мануел да дознае дека шепотам со тебе.
– Кога брат ми не запозна на веридбата, решив да премолчам, но тоа не значи дека ќе го лажам.
– Прави што сакаш, само остави ме на мира. Времето ти истекува. Што сакаш од мене?
– Ќе мораш да му кажеш на Мануел дека си летала со Игуана оној ден кога беше несреќата.
– Нема шанси! Имам свои причини за кои не сакам Мануел да знае дека сум летала тој ден и те молам да ги почитуваш. За тоа дојде денес? Да ме тормозиш?
– Браулио Сантос не се удавил во реката како што мислевме, – одговори Себастијан преминувајки на главното. – Дознав дека е жив е моментално е во притвор. Ти си единствената која може да сведочи за да го осудат. Затоа ќе мораш да одиш во полициската станица, да дадеш изјава и да го препознаеш.
– Зошто јас? Авионот беше полн патници, нека го препознае некој од нив.
– Како не ти влегува во глава дека сите ние сега можевме да бидеме мртви? Дека некој се обиде да не убие? Можеш да го разбреш тоа? Ти си онаа која го видела Сантос како влегува во бањата каде што го пронајдовме експлозивот. Затоа е клучно твоето сведоштво. И зошто постојано ми контрираш? Поради глупавиот бакнеж кој не значеше ништо?
Ваквите зборови ја погодија Каталина. Се обиде да му замавне шлаканица, но Себастијан и ја задржа раката со која замавна.
– Мирна! Или можеби тој бакнеж не бил толку безначаен за тебе?
– Те молам немој да си ласкаш. Или мислиш дека сите жени паѓаат на твојот шарм? Што мислиш која сум јас? Сопругата на твојот татко?
– Немам намера да ти одговорам бидејки не вреди.
– Ти не вредиш ништо, бидејки ти си оној што го доведе дон Лусијано во ваква состојба. Што му рече сношти? Што направи за да го добие тој удар? Пред пет години за малку ќе умрел по твоја вина. Зошто се врати? За да го довршиш своето дело?
Себастијан длабоко воздивна. Го болеа кажаните зборови, но успеа да се совлада. На крајот беше свесен дека тоа не се нејзини зборови. Дека се зборови на неговиот брат изговорени од нејзина уста.
– Сеедно ми е какво мислење имаш за мене, Каталина. Не дојдов тука да се расправам со тебе. Дојдов за да ти кажам да одиш во станица, да дадеш изјава и да го препознаеш човекот кој сакаше неколку пати во ред да не убие мене и тебе. Ако продолжиш да одбиваш, ќе те одведам на сила. Дали сум јасен?
Каталина се издиша. Беше очигледно дека Себастијан ја говори вистината.
– Во која станица се наоѓа?, – го праша.
– Во станицата на Бенито Хуарез.
– Во 17 ќе бидам таму, – му одговори без заобиколување пред да се упати кон својот автомобил на паркингот.
Агата го посети Лусијано во болницата. И беше чудно да го гледа во таква вегетивна положба. Тој беше човек од акција секогаш со некоја задача. И на крајот, не можеше да и излезе од глава дека се работи за обичен мозочен удар. И требаше консултација, па се најави кај докторот Сантибањез,
– Докторе, како сте? Јас сум Агата Уриостеги, пријателка и соработничка на вашиот пациент, Лусијано Ламас.
– Како сте госпоѓо Уриостеги? Седнете ве молам.
– Разбрав дека сте му матичен лекар на Лусијано веќе со години…
– Осум години, поточно, – прецизираше докторот.
– Осум години рековте. Дали можевте да предвидите удар како што доживеа Лусијано?
– Не ве разбирам.
– Сакам да прашам дали можеше да се спречи мозочниот удар кој го доживеа вашиот пациент?
– Искрено, не беше очекувано. Господинот Ламас имаше проблеми со срцето. Редовно пиеше лекови.
– А доколку не ги пиел тие лекови? Дали тогаш можел да го доживее ударот кој го доживеа?
– Што сакате да постигнете со овие прашања, госпоѓо?
– Одговорете ми, ве молам.
– Ќе ви одговорам стручно. Ова не е случај за крими роман, госпоѓо Уриостеги. Ова е обичен мозочен удар без задни намери. Овде не се работи за обид за убиство. Се работи за обичен медицински случај.
– Не можете да бидете толку сигурни дека е така, – мистично рече Агата пред да ја напушти ординацијата.
Луз се врати назад во собата на својата мајка да ја поздрави пред одење. Мерседес веќе задремала. Луз ја помилува меката мајкина кожа и ја бакна за поздрав.
– Веќе си одиш, ќерко?, – ја праша Мерседес. – Сигурно е многу доцна штом ми се спие.
– Не, не е доцна. Пладне е. Но, ти се спие од апчињата кој ги пиеш.
Рафаел ја затвори актовката и се упати кон влезната врата кога по скалите слезе Дијана.
– Излегуваш?, – го праша.
– Да. Тоа што Лусијано е во кома не значи дека работата ќе стагнира.
– Сигурно? Не одиш кај друга?
– Што зборуваш, Дијана? Какви се овие љубоморни испади?
Дијана пријде да му ја намести краватата кога Луз слезе по скалите. Дијана внимателно се отргна од Рафаел.
– Тато, мама заспа. Излегуваш?
– Да, одам во фирата.
– Те молам пренеси ме до дома.
Алекс работеше во својата темна соба на последните фотографии, кога заѕвоне телефонот.
– Ало? Да. Секогаш во непогоден момент. Што е сега? Кога? Те известувам дека нема да биде лесно. Да, знам дека ништо не е невозможно. Во ред, шефе, во ред. Ќе видам што можам да сторам.
Ја спушти телефонската слушалка и длабоко воздивна. Излезе од темната соба и посегна по најновото одело во плаКатат.
Кога Себастијан се врати дома, го затекна пријадно изненадување. Агата Уриостеги го чекаше во дневната прострија.
– Агата?!
– Како си, Себастијан? Имаш одличен цимер, – покажа на Фредо. – Ми подготви мартини какво што долго време не сум пиела.
– Но, како…
– Како ја најдов твојата адреса? Не заборавај дека сум крими писателка, драги. Тоа што не си прочитал ниту еден мој роман, не ме прави помалку снаодлива.
Фредо се насмевна на ваквата забелешка, па се извини и ги остави на само. Агата очигледно беше дојдена да рагзовара со Себастијан за нешто важно.
– Што ве носи навака?, – ја праша Себастијан, вадејки ладно пиво од фрижидерот.
– Прво морам да ти поставам едно прашање. Можеш да не ми одговориш, но јас морам да те прашам.
– Да слушнам, – рече седнувајки покрај неа на каучот.
– Себастијан, Каталина ми е како ќерка. Морам да забележам дека моите детективски инстинкти ми велат дека сношти на забавата не се сретнавте за прв пат. Моето прашање е од каде ја познаваш мојата внука и што има меѓу вас?
– Прво да ви одговорам дека меѓу мене и Каталина нема ништо, а на другата половина од прашањето може да ви одговори само таа. Немам право да зборувам од каде ја пзонавам. Но, нешто ми вели дека не сте дошле тука за да зборуваме за Каталина. Која е вистинската причина за вашата посета, Агата?
– Едно нешто мораш да знаеш за мене, Себастијан е дека јас сум многу радознала. Наречи ме луда, или не знам како, но едно знам. Твојот татко немаше удар како што сите мислат.
Ваквата претпоставка го потресе Себастијан. Го остави шишето со пиво на масичката и погледна во Агата.
– Што сакаш да кажеш со тоа?
– Сношти, за време на забавата, некој се обиде да го убие Лусијано Ламас!
Ева, секретарката на Лусијано, влезе во канцеларијата додека Мануел нервозно седеше пред компјутерот, чекајки одговор на мејлот.
– Знам дека рече да не ти додевам, но донесоа пакет за Каталина. Го праќаат од Гватемала. Го заборавила во хотелот.
– Каталина била во Гватемала?, – се запраша.
Браулио Сантос нервозно шеташе во келијата каде што беше притворен, кога чуварот го најави доаѓањето на неговиот адвокат.
– Имате десет минути, – чуварот ги извести приведениот и неговиот адвокат.
Адвокатот ги извади темните очила за сонце и низ насмевка погледна во Браулио. Беше Алекс.