#24то продолжение
Градинарот на фамилијата Ламас, Гато, лежеше на креветот во својата соба, кога слушна како некој ја отвра вратата. Изрипа од креветот кога ја здогледа.
– Госпоѓо Емператриз.
– Морам да зборувам со тебе, Гато. Во последно време недостасуваат некои работи од куќава. Меѓу нив и актовката на Агата Ламас. Не би ти пречело да разгледам во твојот плакар?
– Секако дека не госпоѓо, слободно.
Емператриз го отвори плаКатат. Во фиоката со долна облека, забележа голема сума пари, која истата таа ја имаше подметнато преходно.
– Од каде ти се овие пари, Гато?
Градинарот збунето гледаше. Во животот немаше видено толку многу пари на едно место. Уште помалку во неговата фиока.
– Јас не знам од каде се тие пари, госпоѓо. Не се мои. Навистина не знам од каде се нашле…
– Јас ќе ти кажам. Си ги украл, несреќнику.
– Се колнам дека тие пари не се мои, госпоѓо.
– Ја касаш раката која те храни, крадецу! Никогаш немав доверба во тебе. Секогаш ми делуваше како некој што се занимава со ситен криминал. Да беше до мене од дамна ќе леташе од куќава. Но, му беше драг на Лусијано. Кога ги украде парите? На забавата? Влезе во библиотеката и го отвори сефот. Мојот сопруг те фатил и затоа доживеал удар. Ти си убиец, Гато!
– Во животот не сум украл ништо, госпоѓо, морате да ми верувате.
– Веднаш ќе ја повикам полицијата да се погрижи за тебе. Ќе платиш за стореното, неблагодарнику!
Насмевката на Луз се врати на нејзиното лице по разговорот со Алекс. Го отвори фрижидерот и посегна по водата кога низ станот се огласи ѕвоното на вратата. Отвори. Пред неа стоеше Мануел.
– Каталина не е дома, – му кажа директно со цел да не навлегува во непотребни муабети.
– Знаеш ли каде е?
– Немам претстава. Сега, извини ме, но имам работа, – додаде затворајки ја вратата, но Мануел не се откажуваше лесно. Ја турна вратата скоро насилно и непоканет влезе во станот.
– Престани да лажеш, Лусесита. Совршено знаеше дека сестра ти е во Гватемала и ме лажеше дека не е.
– Јас не сум овластена да зборувам каде е и со кого е мојата сестра.
– Должност ти е да ми лажуваш каде е Каталина. Твојата сестра е емоционално нестабилна и морам да знам за секој нејзин чекор.
– Излегувај од мојот стан, Мануел. Не ми се допаѓаш и никогаш не сум го криела тоа. Можеби сум единствената која го гледа монструмот зад тоа твое убаво лице. Не те сакам за мојата сестра, разбираш?!
– Ти си онаа која не сака да разбере! Каталина е среќна само покрај мене.
– Лажеш! Ти сакаш да веруваш дека си и неопходен на Каталина. Но, се лажеш. Само ја загушуваш. Каталина не те сака, никогаш не те сакала!
Каталина го сопре автомобилот пред домот на Браулио Сантос. Себастијан и се заблагодари на превозот, но Каталина инсистираше да појде со него.
– Зошто мислиш дека жената на Сантос ќе те пушти во куќата? Не заборавај дека минатиот пат го уапсија мажот и поради тебе.
– Морам да влезам во таа куќа и да најдам докази. Но, не сум крадец и не влегувам во туѓи куќи без дозвола.
– Како што реков, не верувам дека таа Перла ќе те пушти внатре.
– Имаш ли подобра идеја можеби?
– Можеби имам. Остани тука. Јас ќе одам.
Себастијан беше видно изненаден од ваквиот предлог.
– И зошто би го сторила тоа?
– Бидејки и јас бев на тој лет и мене ме интересира исто колку и тебе кој и зошто сакал да не убие.
Каталина ја премина улицата и се упати кон куќата на Сантос. И беше чудно кога ја најде влезната врата полутворена. Затропа на истата но не доби одговор.
– Перла? Дали сте дома?, – праша гласно полека влегувајки во ходникот. На плочките во ходникот забележа бурма. Според обемот беше женска бурма. Слушна шум на вода како тече од бањата. Се упати кон тоалетот и забележа дека истекува вода под вратата. Ја отвори. Пред неа, во преполната када од која истекуваше вода, лежеше мртвото тело на Перла Сантос со пресечени вени. Каталина ја прекри својата уста со рацете и придушливо крикна додека од зениците во очите и се ширеа од шок. Истрча од куќата преку улицата каде што ја чекаше.
Мерседес лежеше на креветот во својата соба, разлистувајки го весникот кога на една од странците забележа фотографија од својата ќерка Каталина заедно со Мануел Ламас. Насловот на статијата гласеше : “Мануел Ламас, наследникот на Фалкон Ерлајнс, викендов се вери со својата девојка Каталина Уриостеги”.
– Што значи ова?, – ја подигна главата и вознемирено погледна во својата болничарка.
– Што збрувате, Мерседес?, – ја праша Дијана, приоѓајки до креветот.
– Кажи ми дека ова не е мојата ќерка, Дијана. Те молам кажи ми.
– Секако дека е вашата Каталина, Мерседес. Која друга?
– Не, не, не, не!
– Зошто ваква реакција? Госпоѓицата се вери со момче од добра фамилија.
– Но, зошто јас не знам ништо за тоа? Зошто никој не ми кажува ништо?
– Ве молам смирете се, госпоѓо.
– Знам дека сум болна, Дијана, но зошто ме тргаат од се? Зошто? Зошто?
Мерседес не можеше да ги спречи солзите. Дијана посегна по нејзините лекови, но Мерседес одбиваше да ги прими.
Алтаграсија ја подготвуваше вечерата во кујната на вилата Ламас, кога таа приквечерина со трчање влезе Роси, младата собарка. Девојката беше облеана во солзи и одвај доаѓаше до збор.
– Смири се, седни и објасни ми што се случува, Роси.
– Гато…Гато си замина. Госпоѓата го истера од куќата, Алтаграсија. Никогаш повеќе нема да го видам.
Во меѓувреме, Емператриз даваше записник пред полицискиот инспектор за наводната кражба во вилата.
– Мојот сопруг држеше скоро десет илјади долари во сефот во библиотеката. Парите беа за трошоци и за исплаќање на послугата. Кога забележав дека фалат тие пари, веднаш се упатив во собата на градинарот. Нешто ми велеше дека мора да се кај него. И секако, интуицијата не ме лажеше.
– Каде е сега вашиот градинар, госпоѓо Ламас?
– Побегна. Побегна и не можев да го задржам. Но, во едно сум сигурна. Тој е виновен за она што му се случува на мојот сопруг сега. Гато е виновен што Лусијано е на прагот на смртта.