Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #025

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #025

#25то продолжение

 

 

            Лажните солзи на Емператриз протекоа по нејзината бела кожа пред полицискиот инспектор.

–       Во ред е, смирете се, госпоѓо. Верувајте во нас. Ние ќе го пронајдеме злосторникот.

 

 

Откако даде изјава пред надлежните, Себастијан се врати назад во автомобилот каде што го чекаше Каталина. Младата жена полека се стабилизираше од глетката која ја виде, жена мртва во кадата.

–       Се е во ред? Се смири? Сигурна си дека можеш да возиш во оваа состојба?

Каталина молчеше. Не одговори ништо, само немо кимна со главата.

–       Нема да ми кажеш што ти се случило?

Тогаш го погледна со своите крупни, костенливи очи полни страв.

–       Не. Не сакам да зборувам за тоа. Јас сум проколната. Носам крст на смрт со себе.

–       Не можам да те разберам. Што зборуваш?

–       Никој не може да ме разбере, само Мануел. Тој знае се за мене и ме сака покрај се.

–       Каталина, дозволи ми да…

–       Не, – го прекина таа, спуштајки ги своите нежни и долги прсти преку неговата уста. – Излези бидејки сакам да си одам дома.

–       Жалам. Жалам што те довлечкав овде, што те замешав во сето ова. Навистина жалам.

–       Не е твоја вина. Самата сакав да дојдам.

–       Само сакам да ја извадиш идејата од глава дека поради тебе се случуваат овие трагедии. Ништо од ова не е поврзано со тебе. Не размислувај за проклетства, несреќи и крстови. Ти ја посакувам сета среќа на светот, – додаде тој на крајот пред да го напушти нејзиниот автомобил.

Каталина гледаше како го напушта автомобилот, додека очите и се полнеа со солзи го чувствуваше неговиот опоен мирис. Истиот тој мирис кој го имаше неговата кожа кога ја држеше близу себе во џунглата.

–       Себастијан…

–       Кажи, – рече тој, потпирајки се на стаклото од надворешната страна на автомобилот.

–       Твојот парфем…ми врати сеќавања на онаа случка.

–       Ветувам дека ќе го променам, – рече тој намигнувајки и.

–       Немој, – замоли таа и благо му се насмевна, пред да ги избрише солзите и да даде гас.

 

 

Доцна таа вечер, по тековните состаноци во компанијата, Рафаел и Мануел останаа сами во конференциската канцеларија.

–       Знам дека целава ситуација те погоди, но во последно време не си при себе, Мануел, – забележа таткото на неговата вереница.

–       Кажи ми нешто, Рафаел. Знаеше ли дека Каталина била во Гватемала минатата недела?

–       Каталина?,  – изненадено повтори Рафаел. – Не сум знаел.

–       Дали знаеш каде е сега, што прави?

–       Не, не знам.  Што е проблемот?

–       Не знам. Но чудна е. Многу чудна.

 

 

Во пералната на вилата на фамилијата Ламас, не стивнуваше вестта за бегството на Гато. Собарката Роси упорно се обидуваше да го објасни однесувањето на градинарот, додека за домарката Пандора ситуацијата беше јасна како ден.

–       Нема ништо нејасно тука. Украл пари и побегнал. Полицијата го бара под дрво и камен. А ако почине дон Лусијано, ќе го осудат за убиство.

–       Што зборуваш, жено?, – готвачката Алтаграсија ја праша домарката. – Сите го знаеме Гато, со години е меѓу нас. Момчето не е способно да украде, а уште помалку да убие.

–       Колку си слепа, Алтаграсија. Дон Лусијано го фатил Гато како краде од сефот, започнале да се борат и кутриот господин доживеал удар.

–       Јас не вервам дека Гато…

–       Како не веруваш? Зошто побегна тогаш? Оној што има мирна совест не бега како криминалец, Алтаграсија. Ако дојде во контакт со некоја од вас, – додаде домарката, значително погледнувајки во Роси. – Има наредба веднаш да ја известите фамилијата. Дали сум јасна?

 

Беше скоро полноќ кога Рафаел се врати дома. Погледна на рачниот часовник и претпостави дека Мерседес е веќе во длабок сон. Влезе во својата соба и забележа дека телевизорот е вклучен, а постелат аразместена, како да лежел некој на неа. Го зеде далиснкото и го промени каналот, кога од бањата излезе Дијана, замотана во неговата бањарка.

–       Не ја гаси серијата, сакам да знам кој е убиецот.

–       Може ли да знам што бараш овде, Дијана? Колку пати да ти кажам дека не сакам да ја користиш мојата соба, ниту мојата бања. Знаеш колкави усти имаат слугинките…

–       Не грижи се. И дадов слободна вечер на Марта. Што значи дека ноќта е наша, – кокетно му додаде болничарката.

–       Ако се разбуди Мерседес…

–       Мерседес нема да се разбуди бидејки и дадов пилула и ќе спие како јагне до сабајле.

Додека ја соблекуваше бањарката, Дијана фли поглед кон телевизорот каде што се случуваше клучната сцена во серијата.

–       Знаев дека е Франко. Секогаш знам да погодам кој е убиецот во сериите, – додаде пред да го исклучи телевизорот и страсно да му се нафрли на господарот.

 

 

Каталина беше веќе задремала на каучот пред запалениот телевизор во денвната соба, кога го слушна ѕвоното на вратата. Појде да отвори и го пушти Мануел во станот.

–       Доцниш. Ми рече дека ќе дојдеш пред половина час. Биди тука ќе одам да ставам кафе бидејки не можам да ги држам очите отворени.

–       Застани малку, – и рече Мануел задржувајки ја за раката.  – Имам нешто да те прашам. Зошто не ми кажа дека си била во Гватемала? Зошто не го носиш вереничкиот прстен? Зошто си толку чудна во последно време? Можам ли да знам што ти е, Каталина?

 

 

Фредо загреа две шољи кафе во микробрановата и едната му ја подаде на својот пријател и цимер кој замислено седеше потпрен на шанкот во кујната.

–       Размислуваш за се што се случи денес?

–       За се што се случи денес, вчера, минатата недела…Не можам да најдам поврзаност помеѓу атентатот во авионот и нападот на мојот татко.

Нивниот разговор го прекина ѕвоното на влезната врата.

–       Кој може да е во оваа доба?, – се запраша Себастијан, приоѓајки до вратата. Кога отвори, наиде на преплашено момче кое немаше повеќе од дваесет години како гледа во него.

–       Дали сте вие Себастијан Ламас?

–       Да јас сум.

–       Може ли да влезам? Јас сум Гато, градинарот од вилата на вашиот татко. Морам да разговарам со вас. Вашиот татко го побара тоа од мене.

Ваквиот пристап го изненади Себастијан. Му ја отвори вратат ана момчето и го внесе во станот.

–       Кога си зборувал со татко ми?

–       Ноќта на веридбата.

–       Биди попрецизен бидејки не те разбирам ништо.

–       Можеби треба да се повлечам, – рече Фредо сметајки дека е одвишен и дека момчето има стеги пред него.

–       Нема потреба, – рече Себастијан. – Фредо ми е како брат. Можеш да зборуваш се пред него.

–       Јас не направив ништо се колнам, – со истиот страв во гласот подолжи Гато. – Емператриз повика полиција…

–       Ми зборуваш неповрзано. Зошто Емператриз повикала полиција?

–       Поради парите…Јас бев со дон Лусијано кога доживеа удар, но не по моја вина.

–       Седни, Гато. Смири се. Сакаш нешто за пиење. Фредо, донеси му вода.

–       Немам каде да одам. Полицијата ми е зад грб.немам што да јадам ниту што да носам. Морае да ми верувате госпдоне Себастијан, јас сум невин.

–       Смири се момче, овде нема да те најде полицијата. Оди истуширај се, а јас ќе ти оставам алишта да се преслечеш. Во меѓувреме ќе ти подготвам нешто за јадење. Откако ќе се смириш, сакам сериозно да разговараме.

 

 

Каталина проголта кнедла во грлото. Гледаше во сините очи на Мануел, прашувајки се дали заслужува да продолжи да го лаже.

–       Да, точно е дека бев во Гватемала. После Мадрид сакав да го изненадам татко и да го видам.

–       Тогаш зошто не ми кажа, Каталина? Зошто ме лажеше?

–       Знаеш ли зошто? Бидејки сакав да се чувствувам слободно. Ме разбираш, Мануел?

–       Да се ослободиш од мене? Тоа ли сакаше? Затоа ли го извади престенот?

Мануел почна да чуствува како го напаѓа астмата. Почна да се задушува и да ја раскопчува кошулата. Каталина го седна на каучот и му помогна да ја одврзе вратоврската.

–       Подобар си?

–       Да, – одгвори Мануел вадејки го инхалаторот кој секогаш го носеше со себе.

–       Сакам само да ме разбереш. Има денови кога се чувствувам задушено помеѓу четирите ѕидови во канцеларија. Има денови кога сметам дека сум под постојан надзор на секој мој чекор, секоја моја постапка.

–       Тоа го правам за твое добро, љубов моја, – се обиде да и објасни Мануел.

–       Искрено не знам дали тоа е за мое добро. Твоето постојано надгледување ме прави да се чувствувам некорисно, несигурно, како затвореничка.

–       А зошто сакаш да бидеш слободна?, – ја праша земајки ја нејзината рака.  – Објасни ми бидејки не те разбирам, Каталина.

–       Нема посебна причина, се работи само за чувство. Ништо повеќе. Понекогаш, седам во канцеларија и гледам низ прозозрецот и сакам да сум птица. Ги затворам очите и се замислувам дека имам крила и дека можам да летам.некаде далеку каде што не можеш да ме контролираш. Разбери дека ме задушува твоеот однесување. Постојано бараш да имам вклучено ГПС на мобилниот. Сакаш да знаеш каде сум во секое време. Сакаш да ми го контролираш животот.

–       Ти не ме сакаш, Каталина. Не си воопшто возбудена за вердибата, ниту за куќата која ја купив за двајцата. Не ме сакаш.

–       Секако дека те сакам.

–       Јас би умрел ако престанеш да ме сакаш. Би умрел, – изјави Мануел со солзи во очите.

–       Нема потреба да умреш бидејки те сакам. Но мораш да се промениш малку.

–       Што да променам, љубов моја? Јас живеам за тебе. Само за тебе, – додаде почнувајки да ја љуби силно, речиси насилно.

–       Престани да живееш за мене и живеј малку за себе како за промена. Остави ме да дишам. Не ме задушувај. Постојано сме заедно. Работиме заедно, се гледаме постојано…

–       Љубов моја тоа е срежа за секој пар. Не знам зошто…

–       Да знам. Но јас сакам да работам за Фалкон Ерлајнс а не да живеам за компанијата. Ајде малку да излеземе од тој затвор. Ајде да одиме на непланирано патување, било каде. Сакам да се чувствувам жива пак, сакам да се чувствувам млада пак.

–       Секако љубов моја, јас само сакам да бидеш ти среќна. Се што сакаш. Погледни ме. Сакам да те замолам нешто. По состојбата со татко, ситуацијата во компанијата е многу тешка. Емператриз е ужасна како лидер. Потребна си ми да бидеш покрај мене. Само сакам да бидеш со мене. Покрај мене. Деновиве ќе имаме многу важен состанок. Вети ми дека ќе бидеш до мене.

–       Ти ветувам, – со полуотворена уста рече Каталина, пред да ја земе Мануел во цврста прегратка.

 

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!