Почетна / Живот / Напнатата потрага за злато по морското дно започнува

Напнатата потрага за злато по морското дно започнува

 

Од 3 јануари | 21 часот | Discovery Channel – Ловци на злато

 

Дискавери новата година ја започнува со златната сезона на серијалите кои ја следат потрагата за злато, било да се работи за класично ископување во рудник или пак трагање по злато на морското дно. Очигледно е дека златото има посебна моќ над луѓето ширум светот, бидејќи програмот за златната сезона е меѓу најгледаните на Дискавери. Серијалите „Јагма за злато“ и „Ловци на злато“ ќе го пробудат сјајот во очите на гледачите, а можеби некои ќе ги поттикне да си ја пробаат среќата во сопствената потрага за злато.

 


 

Петата сезона на серијалот „Ловци на злато“ започнува со емитување од 3 јануари во 21 часот на Дискавери каналот, каде ќе имаме шанса да ја проследиме напнатата потрага за злато по морското дно. Зима е во Ном на Алјаска, а копачите се наоѓатт под притисок поголем од било кога. По хаосот кој владееше претходната сезона, нови прописи стапуваат на сила, а тоа значи дека сезоната на рударите е сè пократка. Ќе мора да остварат профит за помалку од месец дена.

 


 

За 27 годишната Емили Рајдел ова е навистина возбудлива година. таа собира женски тим за потрага по златото. Ќе и се исплати ли експериментот или ќе се соочи со бунт на Беринговото море? Таа ќе мора да се соочи и со поранешниот партнер, а сега жесток соперник Зек Тенхоф. Ќе можат ли да го остават минатото зад себе?

Во меѓувреме Шон максимално ја користи кратката сезона за остварување на сонот и наоѓање на злато на локација која отсекогаш се сметала за богата.

„Ловци на злато“ ќе не соочат со опасности кои не можеме да ги видиме секој ден и сигурно нема да ни се случат во канцеларија. Како поминуваат деновите, амбициозните трагачи имаат само една опција-наоѓање на златото пред да истече рокот.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!