Викторија Лоба со нова песна и спот
Викторија Лоба ја заокружи 2015-тата година со нов видеозапис за прекрасната нумера “Опиум” која веќе интензивно се врти по македонските радиостаници. Автор на музиката на “Опиум” е Дамјан Лазаров, а на текстот самата Лоба. Продукцијата на песната ја направи Роберт Билбилов, долгогодишниот соработник на пејачката, а пак режисер и продукција на видео записот е “Exit B“ продукција.
Спотот е снимен на отворено во Маврово и на Козјак. Новата година, Лоба ја дочека на Охридфскиот плоштад, а пак изминатиов месец сними и дуетска песна со црногорецот Вања Радовановиќ.
Во продолжение, погледнете го новиот, зимски спот за “Опиум” :
Дани | ТВ Пакет