Контроверзниот Боки 13 во интервју за естрадниот магазин Бекстејџ кој што се емитува на телевизија Алфа секој ден во 16.00 и во 00.30, ретроспективно ја резимираше 2015 та година. Посвети внимание на сите кои што на овој или оној начин се најдоа под негова лупа. Не пропушти да го искоментира и откажаниот концерт на Игор Џамбазов. За причините поради откажувањето, вели дека се вреѓање на интелигенцијата на народот. Плус овој концерт го споредува со неговиот, кој што поради мал број продадени влезници го откажа.