Почетна / МК Сцена / Видео | Пејачот Мартинијан Кириловски љуби усни како жар

Видео | Пејачот Мартинијан Кириловски љуби усни како жар

 

Кумановецот кој го освои регионот преку своите фантастични изведби на песни од Жељко Јоксимовиќ во минатата сезона на регионалното музичко издание на „Ѕвездите на Гранд“ и потпиша ексклузивен договор со српската продукција, Мартинијан Кириловски ја издаде својата нова песна насловена како „Усни како жар“ во која прв пат се појавува и како автор.

 

 

Новата песна „Усни на жар“ ја потпишуваат веќе докажаните автори со кои Кириловски редовно соработува. Музика и аранжманот се дело на Филип Антевски, текстот го напиша самиот Мартинијан, додека видеозаписот кој е работен во црно-бела техника го изработи режисерот Марко Димитриевски.

Пејачот изминатиов период е активен со свирки со својот бенд низ целата Македонија, а досега има издадено вкупно 6 песни. Доколку оваа година му се спојат сите коцки, јавноста може да го очекува и неговиот прв студиски албум кој би требало да се појави во продажба кон крајот на годината.

Во продолжение погледнете го новиот видеозапис на Мартинијан Кириловски за темата „Усни како жар“.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„Несудена“ на Деан Коцевски – рок балада која ќе ве врати во ’80-тите

Деан Коцевски е ново лице на македонската музичка сцена кој и тоа како има што …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!