Нова водителка на македонската верзија на “Ready steady cook”
Кулинарското шоу “Брза кујна” кое се емитува на Сител телевизија во 17 часот доби нова водителка. Првата водителка Билјана е заменета со новата водителка Александра Пановска. Александра е позната радио водителка на Метрополис радио, а првото телевизиско искуство го имаше со веќе укинатото музичко шоу “На иста адреса”.
За телевизискиот ангажман, Александра вели:
– Разликата од радио и ТВ е огромна, во радио имате целосен комфор и удобност, вашата концентрација е само на говорот и она што треба да го споделите до префинетото слушателско уво, а пред ТВ екраните сте под целосна лупа и визуелно и гласовно.Но за мене секој работен предизвик е шанса, а само од нас зависи како истата ќе ја искористиме !
Дани | ТВ Пакет