Насмејте се со убавата селанка, нова серија на Сител
Од понеделник до петок на Сител телевизија започнува новата турска љубовна комедија “Убавата селанка”. Се работи за серија снимена во 2014 и 2015 година, а во главната улога ја гледаме актерката, позната од сериите “Опасна убавина” и “Има ли надеж?”. Во продолжение ве запознаваме со содржината на серијата :
Ѓул е млада и убава девојка која живее во Истанбул и работи во компанија за козметика. Еден ден таа запаѓа во голема неволја; дознава дека важна пратка биа испорачана на погрешна адреса, воедно доцни за на работа, заглавена е во сообраќајот, лаже дека во моментот е во компанијата и завршува удирајќи со колата во онаа на нејзиниот шеф. Лошата среќа ја следи и наредниот ден кога повторно задоцнува на важен состанок, и’ паѓа телефонот во чаша со млеко и и’ ја “дигаат” колата која е всушност на нејзиниот дечко. Како резултат на сите несреќи, момчето Каан и’ раскинува, а шефот ја отпушта од работа.
Истовремено, во едно село, живее баба Султана, жената која сите ја почитуваат во селото, во кое секој со секого е пријател и животот им поминува во игра и забава. И токму кај таа баба Султана стигнува пакетот со козметика при што бабата помислува дека козметичките производи се подарок од нејзината внука. Но, селаните не веруваат дека тоа е така, затоа што Султана никогаш не била мажена, никој не се сеќава дека имала и дете, а не па внука. Но, тогаш им се јавува Ѓул и кажува дека се работи за погрешна адреса на испорака на пакетот и им ја дава нејзината адреса за да го вратат пакетот.
Селаните решаваат писмото од баба Султана во Истанбул да го однесе Џемал. Џемал заминува за Истанбул, каде случајно се запознава со Ѓул и се вљубува во неа на прв поглед, не знаејќи дека таа е божемната внука на баба Султана. Се враќа во убавото село Ѓузелкој, со умот во облаци, мислејќи на Ѓул и верувајќи дека таа е неговата прва и голема љубов.
Исто и Ѓул, откако ќе го добие писмото од селаните, решава да сврти нов лист во нејзиниот живот и да замине да живее на село, па и да ја запознае жената која си замислила дека и е баба. Заминува во селото, подготвена да се запознае со тамошните жители и подготвена да заборави на се’ лошо што и’ се случи во градот. Убавата девојка од градот станува селанка, живеејќи по новите правила во новото место и прилагодувајќи се секојдневно на различни ситуации.
Улоги : Gizem Karaca, Berk Cankat, Mehmet Ali Nuroğlu, Ahmet Mümtaz Taylan, Zerrin Sümer, Erkan Sever
Дани | ТВ Пакет