Почетна / Телевизија / Твоето лице звучи познато / Откриваме која е Македонката во „Твоето лице звучи познато“

Откриваме која е Македонката во „Твоето лице звучи познато“

 

Српските медиуми објавија – ова е учесничката во ТЛЗП од Македонија

 

Кон крајот на февруари/почетокот на март се очекува со емитување да започне новата, трета сезона од шоуто “Твоето лице звучи познато”. Повторно се работи за регионална верзија, а ќе се емитува на Сител телевизија. Шоуто привлече големо внимание во регионот поради интересните настапи на познатите јавни личности кои имитираат и во изглед и во пеење познати домашни и светски пејачи и пејачки.

 

 

Во првата сезона победничка беше Ана Кокиќ, а во втората Бане Мојичевиќ. Македонски учесник имавме само во втората сезона, и тоа сексипилната Елена Ристеска која остана забележана по настапите во кои тверкуваше пред жирито и публиката.

Во новата сезона која наскоро започнува на Сител, имаме и учесничка од Македонија, која веќе долги години живее и работи и во Србија. Се работи за Тијана Дапчевиќ, за чии настапи во шоуто допрва ќе известуваме во следните месеци.

 

 

– Тијана извесно време преговараше со продукцијата на шоуто, а сега е речиси сигурно дека ќе биде дел од овој проект. Луѓето кои го организираат шоуто сметаат дека Тијана е одличен натпреварувач затоа што е забавна, позитивна и знае да ги насмее гледачите. Приватно сака да ги имитира колегите, па оваа задача на телевизија добро ќе и легне, вели извор за српските медиуми.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кој што ќе имитира во финалето на „Твоето лице звучи познато“?

  Вечерва на Сител е финалето на ТЛЗП   Вечерва во 21 часот на Сител …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!