Почетна / Серии / Светските телевизиски хитови пристигнуваат на Македонската телевизија

Светските телевизиски хитови пристигнуваат на Македонската телевизија

 

По завршување на ракометното спортско првенство, МТВ започнува со најавување на светски телевизиски хитови. Се работи за мегапопуларни играни серии кои ќе се емитуваат оваа година на Македонската телевизија. Во продолжение ви ги претставуваме накратко сериите кои ќе ги емитува МТВ :

 

1. BREAKING BAD

 

 

Eдна од најкоментираните и најгледани американски серии кај младата популација. Приказна за Волтер Вајт, професор по хемија во средно училиште, кој не успева особено да им го задржи вниманието на учениците за време на неговите часови. После оваа интелектуална работа, заминува на втора смена во сервис за миење возила, за да скрпи крај со крај за неговото семејство, неговата жена Скајлер и неговиот син Волтер Џуниор кој боледува од церебрална парализа. Неговиот живот сосема се менува, кога дознава дека е болен од рак на белите дробови и дека има уште кратко време од својот живот. Случајно среќава дилер на дрога, Џеси Пинкман, кој го познава како свој поранешен ученик, со кого почнува да соработува во производство и продажба на метамфетамин.

 

2. THE BLACKLIST

 

 

Поранешниот владин агент Рејмонд “Ред“ Редингтон (James Spader) бил најбараниот FBI бегалец. Поради посредување во многу договори со криминалци од целиот свет, добил прекар “Консиерж на злосторствата“. Одеднаш тој се предава на FBI и им нуди бомбастична понуда. Ќе им помогне во фаќањето на терорист за кој се мислеше дека е мртов – Ранко Замани. Единствениот услов е да разговара со Елизабет Кин. Таа е новиот профајлер на FBI. Така што на нејзиниот прв ден на работа ќе и биде пеколно. Замани е еден од многуте на листата на која Рејмонд со години ја потполнувал, а таа е полна со политичари, мафијаши и интернационални терористи. Зошто Рејмонд ја избрал баш Лиз и што се неговите вистински намери ќе дознаеме во текот на новава крими серија.

 

3. HOUSE OF CARDS

 

 

Ако сте гладни за квалитетно парче серија кое може да му парира и на најдобрите холивудски филмови, тогаш за вас е серијата „Куќа од карти“. Со Кевин Спејси во главната улога и Дејвид Финчер како еден од главните продуценти, серијата плени со перфектни дијалози и совршена глума. Во оваа американска верзија на истоимената британска серија, Кевин Спејси го глуми републиканскиот политичар Франк Андервуд кој се бори за првото место во државата.

 

 

Меѓу најавените серии кои започнуваат наскоро е и втората сезона од “Фати го ритамот” (Hit the floor).

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во недела се будиме со „Големото американско железничко патување”

Во серијата „Големо Американско железничко патување“ Мајкл Портиљо ги истражува Соединетите Американски Држави тргнувајќи од …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!