Од 7 февруари | 20ч. | Discovery Channel
Под кристално чистото море на Хаваите, древните вулкани створиле стрмни карпи кои ги даваат најдобрите услови за морски риболов во светот. Многу генерации жители на Хаваите веќе со векови ловат риби од рачно изработени кануа, користејќи само рибарски стапови и своите раце.
Новиот серијал „Пацифички војници“ кој започнува на Дискавери, ги следи храбрите мажи и жени кои ја оживуваат оваа традиција и ги ризикуваат своите животи за да фатат риби кои тежат и до 50 килограми, притоа од еден успешен улов можат да заработат и до 1500 долари.
Серијата следи седум тима кои ловат риба, се борат со немирното море и опасностите како ајкулите кои го лоцираат нивниот лов како лесен плен. Рибарите користат разни техники, а една од нив има опасен стил. Кими Вернер нурка и до 45 метри и таму лови риба.
„Иако храброста е основен дел од оваа работа, потребена е и одредена количина страв. Стравот ме држи во живот. Ме потсеќа на тоа колку сме мали и дека мора да бидеме понизни пред големиот и моќен океан. Луѓето кои го забораваат тоа запаѓаат во опасности.“ изјави Ким за Дискавери.
Следете го серијалот „Пацифички војници“ од недела на Дискавери во 20 часот.
Дани | ТВ Пакет