Почетна / Забава / Хитовите на Жељко Самарџиќ отпеани во еден здив, Борис ечеше!

Хитовите на Жељко Самарџиќ отпеани во еден здив, Борис ечеше!

 

Вчеравечер, во предвечерието на празникот на виното и љубовта, во преполната сала „Борис Трајковски“ се одржа голем концерт на миленикот на женската публика Жељко Самарџиќ.

 

фото и видео: ТВ Пакет / Популарно МК 

 

Неверојатно, но бројката на посетители ги збуни и организаторите на концертот, затоа што се бараше место повеќе за стоење во преполната сала. „Љубавник“, „Грлица“, „Зауставите јануар“ и уште многу други беа дел од репертоарот на пејачот кој успеа да направи одлична забава.

 

 

На бината со Жељко се појави и нашиот Наум Петрески кој во дует ги испеаа „Море сокол пие“ и „Македонско девојче“, а во кратката пауза Наум го испеа и големиот хит „Оди ѕвездо“.

 

 

Во продолжение слушнете ја „Македонско девојче“ во изведба на Жељко и Наум:

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поради трагедијата, одложени трите концерти на Здравко Чолиќ

Трите концерти на Здравко Чолиќ во Скопје кои требаше да се одржат на 18, 19 …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!