#38|39|40то продолжение
Себастијан го заврши телефонскиот разговор со болницата и ја прекина конекцијата, погледнувајки во Фредо.
– Татко ми се разбудил од кома, – го извести, и самиот изненаден од вестта.
– Од кома? И како е?
– Како ништо да не било, според докторот.
Во тој миг се огласи ѕвоното на вратата. Себастијан стана да отвори верувајки дека е неговата ќерка, но наместо Хисела, пред него на прагот стоеше Мариса.
– Мариса, влези, слободно. Како си?
– Било и подобро, – одговори девојката откако се поздрави со двајцата пријатели. – Изегов да барам работа, бидејки сметките нема да се платат сами.
– Дојде во вистинскиот момент, – ја извести Фредо, не криејки ја привлечноста која ја чувствуваше кон девојката. – Баш ние во моментов отвараме фирма и ни треба…
– Не, не дојдов да барам работа од вас. Дојдов за нешто друго. Себастијан, повторно се видов со Грегорио.
– Како? Каде?
– На улица. Ја скратил косата и брадата, но беше тој, со сигурност. Би го препознала насекаде.
– Каде точно го виде?, – ја праша Себастијан.
– Јас се возев во автобус, и кога автобусот застана на семафор го видов на тротоарот, – одговори девојката.
– Во која населба?
– Линдависта.
– Кај факултетот за архитекти?, – ја праша Себастијан.
– Да, – потврди Мариса.
– Од каде знаеш?, – го праша Фредо.
– Во таа зграда живее гатачката Исадора, – одговори Себастијан.
Роси ги вадеше алиштата од машината за перење во пералната на куќата, кога со дрќање дотрча Инес, задишана и одвај зборувајки.
– Роси! Роси, не можеш ни да претпоставиш што дознав.
– Што се случило, Инес?
– Господинот Лусијано…
– Умрел?
– Не, напротив, Роси. Излегол до кома!
Во меѓувреме, Мануел само што се врати од болницата, кога во холот го дочека Пандора со широка намсевка. Ни послугата веќе се беше проширила вестта за здравствената состојба на господарот.
– Господине Мануел, колку радосна вест. Не очекував дека господинот може да закрепне. Не знаете колку сум среќна.
– Да, Пандора, сите сме среќни, – помалку дрско и одговори Мануел. – Но, да не губиме време. Имав долг ден и сакам да се искапам. Те молам речи и на Роси да ми ја подготви кадата.
– Веднаш господине.
– Пандора, исчистете ја и проветре те ја собата на мојот татко. Сигурен сум дека наскоро ќе се врати во вилата.
– Да, господине.
Лусијано читаше книга легнат на болничкиот кревет, кога забележа нечија сенка во собата. Го подигна погледот и го забележа постариот син како стој до него.
– Не почувствував дека си влегол, – рече Лусијано, вадејки ги очилата за читање. – Што бараш овде, Себастијан?
– Дојдов да те видам.
– Да дојдеше порано ќе се сретнеше со Емператриз. Пет години се премногу за жена како неа. Повеќе не те интересира?
– Се шегуваш со мене? ,- бесно праша Себастијан но набрзо се смири, свесен во која состојба е неговиот татко.
– Требаше да се случи тоа што се случи за повторно да бидеме еден крај друг, – додаде Лусијано. – Брат ти ми кажа дека си ги зел своите аакции и си се вратил во фирмата.
– Точно. Како акционер мислам дека имам право да бидам дел од Фалкон. Но, не дојдов да зборуваме за бизнис. Ниту за Фалкон. Дојодв да се соочам со човекот кој е способен да ја одбие родената внука.
– Зборуваш за полодот кој го имаше со онаа европска курва? Не ме засмевај.
– Каков монструм си ти.
– Оди си изморен сум.
– Зошто ги криеше писмата кои Вероника ми ги праѓаше? Знаеш дека цели четиринаесет години криеше дел од мене?
– Дел од тебе кој не вреди ништо. Ти реков да си одиш, изморен сум.
– Не ме гледај така. Можеби тој поглед функционира кај Мануел, но не и кај мене. Јас не ти се плашам, стари. До сега требаше да го знаеш тоа. Добра ноќ, – додаде Себастијан и ја напушти болничката соба.
Кога излее од лифтот, во холот на болницата наиде на Каталина.
– Ти си последната личност која очекував да ја видам овде, – му дофрли таа цинично.
– Зошто? Јас имам татко кој е тука, а ти што имаш?, – ја праша со уште поголема иронија.
– Што имам тука? Тука е таткото на мојот вереник кој многу го ценам и мојот шеф од кого научив многу.
– Се гледа дека не го познаваш.
– Го познавам со години и знам дека дон Лусијано секогаш ме гледал како ќерка. Мене не ми е јасно како можеш тка да зборуваш за својот татко?
– Бидејки не сум лицемер затоа зборувам вака. Бидејки човекот кој е горе болен, е виновен што Мануел е ваков каков што е. Тој човек горе е најголемиот егоцентрик на земјата, човек кој не сака никој освен себеси. Тој човек е човек кој од сопстевниот син криел со години дека има дете!
– Не знам што сакаш да кажеш со ова…
– Имам ќерка, Каталина. Се вика Хисела. И татко ми ја криел од мене цели четиринаесет години. Имај ибава вечер.
Каталина остана со подотворена уста од новоста.
Дијана влезе во собата на Мерседес, принесувајки и ја вечерата со чаша сок од портокал за пилулите кои ги пиеше. Го остави послужавникот на наткасната кога забележа дека глуждот на раката на Мерседес е превиткан со завој.
– Што е ова, Мерседес? Кога си се повредила? И каде?
– Не се сеќавам, Дијана, – одговори Мерседес, гледајки во завојот на својата десна рака.
– Секако дека се сеќавате и ќе ми кажете веднаш каде сте се повредиле и кој ве заврзал?, – низ заби процеди Дијан апритискајки и ја раката.
Мерседес почна гласно да вреска на сиот глас, не поради болка колку поради страв. Дијана немаше решение освен да и ја ослободи раката.
По посетата на својот татко во болница, Себастија се упати кон станот на Исадора. Го сопре својот мотор пред зградата, ја извади кацигата и влезе во лифтот.
– Здраво, – ја поздрави гатачката со широка насмевка откако му ја отвори вратата од станот.
– Не очекував да те видам повторно откако не ми се јави по вечерата.
– Може ли да влезам?
– Ок, – кратко одговори Исадора по мала пауза, пуштајки го во својот стан.
– Дојдов бидејки не бев комплетно искрен со тебе оној ден. Чувствувам дека живееш во страв и сакам да ти помогнам.
– Зошто мислиш дека живеам во страв?
– Бидејки го видов твојот поглед оној ден кога некој тропаше на вратата. Почувствував како ти бие срцето…, – Себастијан се обидуваше да ја скроти на најдобриот начин со кој можеше, со својот шарм и можност на заведување. – Кој беше тој човек, Исадора? Мене можеш да ми кажеш се.
– Го запознав пред некое време. Дојде со многу пари барајки од мене да прелажам една госпоѓа од високото општество.
– Емператриз?, – нагодуваше Себастијан.
– Да, Емператриз. По кратко сфатив дека не се работи за шега или обична превара. Не требаше да прифатам…Но бизнисот одеше слабо и одвај ја плаќав киријата за станот.
– Објасни ми добро бидејки не те разбирам…
– Клиентката Емператриз е мажена за еден стар богаташ. Емпертариз сакаше да слушне дека стариот ќе умре. Така ми рекоа да и кажам. Да и кажам дека компанијата ќе остане во нејзино име, така почнав да и кажувам се што сакаше да чуе, а Емператриз ме плаќаше и повеќе од дупло.
– А типот ти кажува што да и кажеш?
– Не, доаѓа само да ме плати. Некој друг ми се јавува и ми кажува што да и кажам. Не знам кој е.
– Го имаш ли бројот од личноста која ти се јавува?
– Не. Никогаш не сум побарала. Неа ја интересира само Емператриз да ми верува.
– Неа? Значи личноста која издава инструкции е жена?
– Серхио, те молам, те амолувам да не ми правиш поголеми проблеми од овие кои ги имам.
– Исадора, те молам верувај ми. Ако ми дозволиш да учествувам во разоткривањето на тие луѓе, никогаш повеќе во живтото нема да треба да се плашиш.
– Ах, Серхио, – длабоко воздивна Исадора потпирајки се на неговите гради.
– Моето име не е Серхио. Се викам Себастијан. Себастијан Ламас.
Исадора како попарена изрипа од месото на кое седеше.
– Ако нешто ти значи, не додјов да те изиграм. Се претставив под друго име бидејки морав да знам каква личност си. Тоа е целата вистина.
Исадора не одговори ништо. Само му пријде, седна близу него и страсно му ги подаде усните, раскопчувајки ја неговата кошула.
Наредното утро, кога Каталина влезе во канцеларијата која ја делеше со Себастијан, тој веќе го пиеше утринскоо кафе и зборуваше по телефон.
Каталина го закачи сакото на задниот дел од столицата и седна на своето биро отворајки го лаптопот. Себастијан ја прекина телефоската линија и пријде до неа, аплаудирајки и.
– Што?, – го праша збунето.
– Само што ме информираа дека си го потврдила ентериерот на новите авиони. Браво за храброста да донесуваш самата одлуки.
– Себастијан, го направив тоа бидејки…
– За луѓето од економска да патуваат како стадо? , – ја праша нервозно.
– Знаеш што, смачено ми е секојдневно да се расправам со тебе. И ти немаш никакво право да ми префрлаш дека сум себична. Брат ти Мануел уште не знае дека имаш ќерка.
– Тоа е мое право бидејки мојата ќерка сакам да ја држам што понастрана од мојата фамилија, – и потенцираше Себастијан.
– Твое право, – Каталина ги подиггна рамениците и се загледа во својот лаптоп. Она што го забележа на порталот кој и беше отворен, ја шокираше.
– Себастијан…
– Што е?
– Онаа гатачка која ми гаташе на забвата, пријателката на Емператриз…Видовидата Исадора.
– Што со неа?
– Ја нашле убиена утрово, – одговори Катлина сеуште шокирано гледајки во вестта.
– Не можам да поверувам, – крикна Себастијан гледајки во лаптопот на Каталина. – Исадора Дуран, 38 години, утрово е најдена мртва во својот стан во Мексико Сити…- читаше на глас вртејки ја главата. – Ова не е можно, Каталина. Знаеш ли кој ја убил? Истиот оној кој ги уби Браулио Сантос и жена му Перла. Виновникот што Лили е мртва. Истиот ја убил и Исадора.
– Како си толку сигурен?
– Сношти бев со неа, – и призна длабоко издишувајки се. – Во нејзиниот стан. Беше исплашена, и кажа дека некој и дава наредби…Ти се колнам дека кога ќе дознаам кој е монструмот зад ова крваво сценарио, нема да имам милост.
Себастијан ја држеше главата и вртеше околу бирото во канцеларијата кога влезе Алекс.
– Извинете…
– Што бараш ти овде? Кој ти даде дозвола за влез?, – го праша дрско.
– Себастијан, во ред е, ова е Алекс, вереникот на мојата сестра. Алекс, ова е Себастијан Ламас, синот на дон Лусијано.
– Како си?, – доаѓајки при себе, Себастијан му се извини на Алекс.
– Себастијан, Алекс од денес ќе биде дел од фирмата. Ќе работи како фотограф во дизајн одделот, – го извести Каталина.
Во тој миг заѕвоне блекберито на бирото на Себастијан, па тој го зеде мобилниот телефон в рака и изезе од канцеларијата.
– Извини што вака упаднав, – Алекс и рече на Каталина кога останаа насамо.
– Нема проблем – рече Каталина гледајки на рачниот чаоцник. – Точно на време. Мануел те чека во својата канцеларија.
Себастијан одговори на повикот кога излезе во холот. Беше неговиот пријател Фредо.
– Здраво, Себастијан. Да, работам на задачата која ми ја довери, – рече Фредо од другата страна на линијата гледајки во мониторот на компјутерот пред себе. – Во врска со бројот кој ја барал Исадора. Регистриран е на име на Фалкон Ерлајнс.
– Дали си сигурен?
– Комплетно.
Мануел го пречека Алекс во својата канцеларија, откако секретарката Ева го најави. Алекс влезе во просторијата, срдечно поздравувајки се.
– Извини за непријатната ситуација…
– Зошто непријатна?, – го праша Мануел, подигнувајки го погледот.
– Знам дека мораше да ми дадеш работа бидејки сум и вереник на Луз, ќерката на директорот на компанијата.
– Ништо јас не морам, Алекс. Имам инстинкт кој ми говори дека нема да се покаам за тебе.
– Благодарам.
– Ќе ме запознаеш и ќе сфатиш дека мојата најголема маана е директноста.
– Тогаш ќе се согласуваме добро, господине Ламас.
– Те молам викај ме Мануел. Единствен господин Ламас е овде е татко ми. Каталилна ми покажа дел од твојата работа и навистина сум фасциниран.
– Искрено ви благодарам. Не знаете што значи оваа работа за мене.
– Нема за што да ми заблагодаруваш, Алекс, најсикрено. Ми се допадна уште на прв впечаток. Мислам дека Луз ќе се промени на добро со тебе.
– Искрено?
– Ја пзонавам Луз со години и знам дека има големо срце, но помалку е нестабилна и несигурна. Ајде да те запознаам со остатокот од колегиумот. И добредојде во Фалкон, – додаде Мануел низ намсевка подавајки му ја раката.
Емператриз го подигна погледот од своето биро кога нешто подона во денот дојде Рафаел.
– Редно време беше да дојдеш на работа.
– Не сум расположен за твојте мајтапи, Емператриз.
– Предмалку имав задоволство да го запознаам твојот иден зет.
– Алекс?
– Алекс, да, – потврди Емпертриз. – Кажи ми нешто. Имаш намера да ја доведеш целата твоја фамилија тука во Фалкон?
Рафаел не одговори ништо на нејзината забелешка.
Тоа претпладне, откако Дијана ја послужи со лекови својата господарка, Агата ја замоли болничарката да ја остави насамо со својата золва.
– Како си денес, Мерседес?
– Како и секој ден…
– Мерседес, зборував со еден мој пријаел за твојата состојба и сака да те види.
– Некој твој додворувач?, – низ намсевка Мерседес ја праша Агата.
– Не, не. Но, се работи за внук на еден мој стар додворувач. Псхилог, млад, згоден и интелигентен.
Лусијано ја затврои книгата која ја читаше и ги извади очилата од својата глава. Чувствуваше притисок кај слепоочниците, па стана од креветот приоѓајки до прозорецот од болничката соба, кога влезе неговата сопруга.
– Како си денес, мон шери?, – го праша кокетно приоѓајки му. Лусијано само презирно ја погледна, оттурнувајки ја од себе.
– Гледам дека си во добро расположение. Дојдов да те прашам нешто Лусијано.
– Кажи.
– Вечерта кога го доживеа ударот…Д-р Сантибањез рече дека за кратко си бил во клиничка смрт. Те вратија во живот со реанимација…
– Добро ја знам таа приказна, – грубо ја пресече Лусијано. – Каде води ова?
– Сакам да знам што о ти се случи. Сакам да знам што се случи таа кобна ноќ.
– Не знам не се сеќавам, – и одговори длабоко издишувајки се. – Само знам дека ја видов смртта. Бев на чекор до неа како никој друг.
По завршувањето на работниот ден, Мануел ја испрати Каталина до нејзиниот стан. Таа ја отклучи вратата, сфаќајки дека Луз сеуште не е вратена.
– Луз не е дома. Сигурно е со Алекс. Сигурно да прослават за работата која ја доби.
– Што велиш да го искористиме станот и отсуството на твојата сестра?,- ја праша Мануел, страсно љубејки ја по вратот.
– Не, не вечерва, Мануел. Не сум расположена. Само сакам да влезам во топла купка и потоа да заспијам. Мислам дека ќе ми прсне главата.
– Што велиш ти додека се бањаш, јас да ти спремам нешто за јадење?
– Реков не, Мануел!, – дрско извика Каталина, повишувајки го својот тон, практично како да сакаше да го отурне од себе.
По завршувањето на работниот ден, Мануел ја испрати Каталина до нејзиниот стан. Таа ја отклучи вратата, сфаќајки дека Луз сеуште не е вратена.
– Луз не е дома. Сигурно е со Алекс. Сигурно да прослават за работата која ја доби.
– Што велиш да го искористиме станот и отсуството на твојата сестра?,- ја праша Мануел, страсно љубејки ја по вратот.
– Не, не вечерва, Мануел. Не сум расположена. Само сакам да влезам во топла купка и потоа да заспијам. Мислам дека ќе ми прсне главата.
– Што велиш ти додека се бањаш, јас да ти спремам нешто за јадење?
– Реков не, Мануел!, – дрско извика Каталина, повишувајки го својот тон, практично како да сакаше да го отурне од себе. – Извини, – додаде Каталина станувајки свесна за својата реакција. – Имам силна главоболка и само сакам да бидам сама. Разбери ме те молам.
– Во ред. Се гледаме утре, – ја бакна нежно за пзодрав.
Рафаел се врати дома, раскопчувајки ја вратоврската. Ја остави актовката на масичката и пријде до мини барот по чашка жесток пијалок. Одеднаш слушна гласови. Неговата сестра Агата слегуваше по скалите со млад човек кој носеше докторска торба во десната рака.
– Рафаел, токму на време. Дозволи ми да те запознаам со Висенте Алкассар, внук на мој добар пријател. Висенте е престижен психијатар со докторат од Браун. Го убедив да дојде и да ја прегледа Мерседес.
– Рафаел Уриостеги, – се претстави подавајки ја раката иако не баш воодушевен во мешањето на неговата сестра во однос на болестта на неговата сопруга.
Каталина излезе од бањата замоана во фротирската бањарка. Луз сеуште не беше вратена. Седна на својот кревет и ја извади кремата за нега на лице, кога заѕвоне нејзиниот ајфон. Беше непознат број.
– Ало?
– Здраво. Овде Хисела. Девојчето со кое делевте такси оној ден.
– А, да, се сеќавам, – се насмевна Катлина, сеќавајки се дека и остави своја визит карта откако го завршија делењето на такси.
– Ми треба совет од пријателка а немам ниту една пријателка која е жена. Мојот татко не се разбира. Можете ли да дојдете кај мене дома?
Каталина се преслече и со својот автомобил се упати кон адресата која и ја даде Хисела. Како доаѓаше до станот во Поланко, се посвесна стануваше дека в раце ја има адресата на Себастијан.
Во меѓувреме, Луз уживаше во милувањата и прегратките на Алекс во неговиот стан. Блескаше од радост што е со него и не можеше да ја тргне насмевката од своето лице.
– Пресреќна сум со тебе, Алекс, му дошепна милувајки го неговото разголено торзо. – Самата помисла дека ќе го поминеме животот заедно ме наежува. Секое утро ќе се будиме заедно. Тоа е се што сакам.
– Животот ќе го посветам за да бидеш среќна љубов моја, – низ бакнежи и се заколна Алекс пред да стане од креветот и да се упати кон бањата.
Луз стана од креветот и посегна по плакарот да земе некоја негова кошула, бидејки нејзните алишта завршија во машината за перење. Барајки низ плакарот, меѓу редицата со маици, наиде на пиштол.
Кога Себастијан се врати дома доцна во ноќта, наиде на големо изненадување. Ја начека Каталина во својот стан покрај неговата ќерка.
– Што бараш ти овде?
– Ќерка ти ме побара. Дојдов најбрзо што можев.
– Што ти е, Хисела? Не си добра?, – Себастијан ја праша ќерка си која лежеше на троседот, замотана во кебиња. – Зошто не ми се јави? Ќе дојдев веднаш. Што ти е?
– Не ми е ништо.
– Како тоа не ти е ништо? Зошто си ја побарала Каталина? И од каде и кога е познавате вие две?
– Твојата ќерка е млада жена од вечерва, – го извести Каталина на најблаг можен начин. – А нашето запознавање ќе остане наша мала тајна. Меѓу мене и Хисела.
– Како тоа млада жена? Мала е за тоа.
– Секако дека не е мала, – рече Каталина. – Има четиринаесет години. Во таа возраст девојките го добиваат првиот тциклус.
Алекс излезе од бањата со влажна коса и пешкир преку половината. На каучот седеше Луз, облечена во негова кошула со неговиот пиштол во рацете.
– Што е ова, Алекс?
– Од каде ти е тоа?, – ја праша дрско земајки и го од раката.
– Барав кошула и го најдов. Зошто го имаш?
– За заштита, за што друго? Живееме во еден од најсопасните градови во светот. Секој втор денес има пиштол, зошто вака реагираш? Ајде, оди истуширај се бидејки е доцна. Имам работа од сабајле.
– Си го користел до сега?
– Секако дека не, љубов моја. За што ме мислиш?
– Извини се исплашив. Мислев дека можеби…
– Што? Дека сум убиец? Зарем ти личам на таков?, – ја праша нено љубејки ја по вратот.
– Прости ми што сум проста. Те сакам.
Младиот психијатар Висенте седеше на фотељата во собата на Мерседес која црташе на платното. Со левата рака си ја чешкаше брадата, а со другата го запишуваше во својот ртефтер секое нејзино движење.
– Велите дека по потекло сте од Зихуантанехо?, – ја праша. – Интересно, бидејки и моите се по потекло од таму. Како мал скоро секој распуст го минував таму.
– Тогаш сигурно сте ловеле школки со мрежа во заливот. Детството е најубавата доба кај човекот, – воздивна Мерседес. – Штета што подоцна се се уништува.
– Зошто мислите така?
– Бидејки растеме, се менуваме. Ја доживуваме љуовта. Љубовта кон парите, кон одредени луѓе, кон имот, љубов за моќ.
– Растењето е дел од човекот, Мерседес.
– Не можам да сфатам како луѓето растат и се менуваат. Мојата сестра Софија и јас бевме многу блиски како мали. Потоа се се смени.
Името на покојната сестра ја вознемири пациентката и младиот доктор го забележа тоа. Го затвори својот тефтер и стана од фотељата.
– Доволно беше за денес. Ќе ве оставам да продолжите да цртате.
– Ако Дијана ми дозволи. Ми се допаѓате докторе Алкосер. Вратете се повторно. Јас сум многу осамена.
– Ми беше драго, госпоѓо. Довидување, – срдечно ја поздрави докторот и пред да ја напушти собата слушна како Мерседес го довикува.
– Извинете…
– Да?
– Кој сте вие? Што барате во мојата соба?
Откако Хисела заспа во својата соба, Себастијан и подготви топло чоколадо на Каталина, која остана да седи замотана во кебенце на троседот. Се чувствуваше удобно во неговиот топол дом, беше безбедна.
– Хисела заспала со запален телевизор, – ја извести Себастијан принесувајки две шољи со топло чоколадо.
Каталина ја зеде едната шоља од неговите раце и благо му се насмевна.
– Можеш ли да ми кажеш сега како ја запозна мојата ќерка?
– Наша мала тајна, – одговори Каталина дувајки во топлото чоколадо. – Јас и ќерка ти имаме нешто заедничко. Сме оделе во исто училиште?
– Кај калуѓерките?
– Да, интернатот Свето Срце во Барселона.
– Зошто си одела во интернат во Барселона кога си родена тука во Д.Ф?
– Така одлучил татко ми. Ретко кога бев дома како дете. Преку сезона бев на интернат во Шпанија а летата ги минував во вилата на тетка Агата во Франција.
– Чудно, – заклучи Себастијан. – Како да сакале да те држат далеку од дома.
– Можеби. Потоа татко ми купи стан во Мадрид и таму завршив средно училиште. Мајка ми беше болна и тате не сакаше јас и сестра ми да ја гледаме таква. Затоа не испрати во Шпанија.
– Од што се разболе мајка ти?
– Кога јас и Луз бевме мали, мајка ми ја најде мртва својата помала сестра во када, – одговори Каталина со грутка во грлото додека очите и се полнеа со солзи. – Се сеќавам како вчера како врескаше на сиот глас. Јас дотрчав во бањата и ја видов…Бев многу малекча. Затоа ме ипратија далеку.
– Разбирам, но зошто кога се врати од Шпанија не се врати дома кај твоите? Колку што знам живееш со сојата сестра во стан.
– Ќе ти кажам нешто што му го имам кажано само на Мануел, – одговори Каталина гледајки го во очи. – Кога слушнав како мајка ми вреска, дотрчав и ја најдов со крвави раце. Никогаш нема да ја заборавм таа сцена. И никој не може да ме разубеди дека мојата мајка ја убила родената сестра. Тетка Софија не се самоуби како што сите велат. Мојата мајка ја убила.
– Тоа ли е она што те поврзува со мојот брат? Сознанието дека си ќерка на убиец?
– Секако дека не е тоа. Мануел ме сака. И покрај тоа, сака да бидам мајка на неговите деца. Мануел ме разбира. Прости ми што ти го кажав сето ова.
– Не барај прошка – нежно рече тој бришејки ги солзите кои лизгаа по нејзиното преубаво лице.
Таа ги затвори очите, а тој нежно ги спушти своите бакнежи преку нејзините. Беше краток бакнеж исполнет со многу страст и емоции.
– Не смееме да го правиме ова, – рече Каталина станувајки од троседот. – Не смееме, не смееме, – повторуваше низ солзи излегувајки од станот.
– Каталина, застани, застани, – по неа повика Себастијан, но кога сфати дека таа го напушта станот, ја остави шољата со какао и тргна по неа.
Ја довикуваше по скалите, но таа беше побрза. Истрча низ солзи од зградата и влезе во својот автоболбил не вртејки се.