Србија ја укина, Македонија истрајна со Невестата
Индиската сапуница “Малечката невеста” го доби својот крај во некои од земјите во регионот. Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина прекинуваат со нејзино емитување во текот на овој период, по пет години емитување на каналите на Пинк. За разлика од нив, во Македонија, Хрватска и Бугарија, серијата продолжува да се емитува и понатаму.
И покрај тоа што серијата за прв пат на Балканот пристигна во Македонија пред 6 ипол години, таа со епизодите е поназад од другите земји. Моментално во Македонија се емитува околу 1650 епизода од снимени околу 2200 епизоди досега во Индија.
Серијата во Индија продолжува со снимање и не се очекува нејзин крај во блиска иднина.
Дани | ТВ Пакет