Шоуменот Жаре, веднаш по објавувањето на веста на сајтот на Сител дека тој имал расправија со Станија на островот Костарика, реагираше со својата страна на приказната преку сајтот на весникот Вечер.
Имено, тој вели дека уште при самото пристигнување кај отфрлените јасно и гласно кажал дека е женет и оти има дете, со што ставил до знаење на сите дека не сака никаква врска. Наводно, тој се договорил со Станија да не зборуваат пред камера на теми кои би можеле да ги вжештат односите, а со цел да добијат поени кај гледачите. Старлетата го прекршила правилото и додека тој се капел во морето пред камера изјавила дека Македонците се најголеми љубовџии и оти Жаре и Јелена се новиот љубовен пар на островот. Вербален дуел меѓу нив двајца се случил откако Александра Накова, како вистински поткажувач, му кажала на Жаре што Станија изјавила пред камерите.
Жаре потоа и се обратил на Станија со закана дека ќе почне да зборува за нејзините љубовни авантури со Огнен, Владо и Никола. Според Берберот, актерката Миа Беговиќ е виновна за сите овие приказни, тој смета дека ова се случува во нејзина режија. Сето ова беше причина Радован и Жаре да преземат радикални чекори и да го напуштат кампот. Три дена ништо не јаделе само за да бидат подалеку од злобната Миа!
Martin M. | ТВ Пакет