Почетна / Вебновела / Научи ме да летам | Enseñame a Volar #042

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #042

#42ро продолжение

 

 

Себастијан сфати дека станува збор за сериозна тема, па ја испрати Хисела да го прошета песот во паркот. Откако остана насамо со Луз, пријде до неа и ја праша…

–       Извини за дрскоста, но зошто доаѓаш кај мене?

–       Бидејки не сакав да ја загрижувам тетка Агата. Од друга страна Емператриз и Мануел не го сакаат многу, а Каталина само што замина на пат…

–       Не се изјаснив убаво. Зошто имаш доверба во мене?

–       Бидејки сестра ми има доверба во тебе. Во нејзиниот планер ја најдов твојата адреса.

–       Што знаеш за дон Рафаел? Од кога го нема?

–       Според зборовите на тетка Агата, излегол од дома рано вчера. Потоа на пладне требало да го посетат дон Лусијано, но татко не се појавил. Вечерта не дошол дома да спие, а во канцеларија не го виделе од сабајлето.

–       Смири се, Луз. Сите вработени во Фалкон имаат ГПС вградено во своите службени телефони. Веднаш ќе се јавам да проверам каде се наоѓа дон Рафаел.

 

 

Рафаел сеуште беше затворен помеѓу четири ѕида и со заврзани раце седеше на креветот, кога влезе Алекс.

–       Некој сака да те види.

Рафаел се исправи за да види за кого станува збор. До Алекс стоеше Дијана, болничарката на Мерседес.

–       Остави не сами, – му нареди на Алекс, вадејки ги темните очила за сонце.

–       Дали си сигурна?

–       Реков да не оставиш насамо, – му нареди.

–       Во ред, ќе бидам надвор, – рече тој и ја напушти просторијата.

–       Значи ти си таа која му даваше инструкции на Мануел?, – помалку изненадено ја праша Рафаел.

–       Така е. Јас сум „ангелот чувар„. Идејата ми ја даде твојата Мерседес која секогаш ме вика така. Иронично, зарем не?

–       Не верувам дека си сама зад оваа операција. Премалку знаеш.

–       Затоа те имав тебе. За време на оралниот секс, многу добро знаеш да споделиш тајни информации.

–       Да знаев дека делам кревет со смртниот непријател…Што сакаш, Дијана?

–       Многу нешта. Сакав да имам повеќе од мизерната плата која ми ја даваше. Заслужив повеќе порди ненаспаните ноќи, чувајки ја твојата ментално нестабилна жена која ја имаш.

–       Лажеш! Тоа не е поод за да станеш ова што си сега! Кој е Алекс?

–       Идниот маж на твојата ќерка, – иронично го потсети Дијана. – Ќе видиш во што ќе ја претвори Луз. Ти зборувам од искуство, Рафаел. Јас некогаш бев мажена за него.

–       Дијана, спаси ја Луз…Таа не е виновна за ништо. Направи се што сакаш со мене само спаси ја мојата ќерка!

–       За почеток да ги потпишеш овие документи, – рече ладнокрвно вадејки хартија од чантата. – Со твојот потпис даваш согласност дека си префрлил пари на твое име од Фалкон Ерлајнс во швајцарската банка. На мое име, секако.

 

 

Откако ги доби координатите од ГПС следењето на мобилниот телефон на Рафаел, Себастијан и Луз се качија на неговиот мотор и се упатија кон периферијата на градот. На еден свиок, Луз го забележа автомобилот на својот татко и му рече на Себастијан да застане. Истрча кон автомобилот и го забележа неговиот мобилен телефон на предносто седиште, но тоа беше единствената трага од нејзиниот татко.

–       Не е тука! Изгледа го киднапирале или му направиле нешто. Не е тука.

–       Смири се, Луз, смири се. Сигурно не е киднапиран бидејки ќе бараа откуп до сега.

 

 

Откако дојдоа во вилата во Куренавака, Мануел го помина претпладнето во базенот, а Каталина се обидуваше да се фокусира на книгата која ја читаше, но не можеше во ниту еден момент да престане да мисли на Себастијан.

–       Дојди малку да се освежиш, – ја тераше Мануел од водата.

–       Не сакам. Студена е водата.

–       Како е студена, – ја праша плискајки ја со млаз вода.

–       Мануел, престани, не биди дете!

–       Тогаш дојди…

–       Во ред, ќе дојдам само не ме прскај.

Мануел ја пречека во својата прегратка кога Каталина влезе во водата. Почна да ја посипува со бакнежи, но таа упорно го одбиваше.

–       Не сум распоожена, Мануел. Ме боли главата…Сакам да зборувам со тебе.

–       Добро, ќе зборуваме, – рече Мануел барајки ги нејзините усни. – Само прво да нарачам јадење бидејки сум мртов гладен. Кога ќе дојдам ќе зборуваме за се што сакаш, – додаде пред да излезе од базенот.

 

 

Рафаел гледаше во документите кои Дијана ги држеше пред него. Го подигна погледот и ја праша;  

–       Мислиш дека никој нема да се посомнева?

–       Ти си директор на компанијата, Рафа. Но и онака ќе бидеш мртов после тоа. Никој нема да те помни по добро бидејки ќе ја оставиш компанијата во банкрот.

–       Мануел Ламас е зад сето ова зар не?, – навестуваше Рафаел.

–       Мануел е злобен, но наивен. Сеуте верува дека ќе завршиш во затвор. Потпиши!, – му нареди давајки му пенкало.

–       Зошто? И онака велиш дека ќе умрам. Убиј ме сега бидејки јас не потпишувам ништо. Нема да дозволам да биде по твое, Дијана!

–       Алекс!,- Дијана го повика својот соработник и по кратко вереникот на Луз влезе во собата со леплива трака со која ја заврза устата на Рафаел.

–       Рафаел сака да знае што ќе се случи ако не ги потпише документите. Те молам, покажи му,- му нареди Дијана.

Алекс грубо го зеде Рафаел во своите цврсти раце и го принесе до прозорецот. Ролетната беше спуштена, но можеше да се види преку малите отвори. Рафаел погледна голема пространа градина пред себе и вила со базен во кој пливаше негоата постара ќерка.

–       Ако не потпишеш, прво ќе ја застреламе Каталина, – му објасни Дијана со сув глас.

Бидејки устата му беше врзана, Рафаел не можеше да покаже колку е бесен и шокиран до каде тие луѓе можат да одат. Очите му беа полни со гнев и солзи.

–       Нашиот човек чека само знак, – дообјасни Дијана. – Потпис или куршум во челото на твојата ќерка.

Рафаел гледаше како неговата ќерка ужива во својот викенд на само неколку метри од него, па погледна во Дијана и Алекс. Нивните намери и те како беа сериозни. Се врати на креветот до хартиите за потпис. Дијана му нареди на Алекс да му ги одврзе рацете.

Откако му ги ослбодија дланките, Рафаел ги зеде документите и ги потпиша за согласност без да ги прочита.

 

 

            Откако Каталина излезе од базеенот, посегна по својот телефон и ја побара својата сестра која беше недостапна на својот телфон.

–       Јас сум, Лусесита. Потребна си ми. Ми треба твој совет. Јави ми се кога ќе ја слушнеш пораката. Решив да ја прекинам свршувачката со Мануел и да му го кажам тоа. Но, не знам како да почнам. Толку е среќен и исполнет што сме заедно на викенд. Од друга страна не можам да престанам да мислам на знаеш кој.

–       Мораше ли да го понесеш телефонот со себе?, – ја праша Мануел носејки и храна во послужавник.

–       Ја барав Луз, не можам да ја добијам, – одговори Каталина, оставајки го телефонот на масичката.

–       Ти земав овошна салата бидејки си на вечна диета, – и рече Мануел принесувајки и ја зделата.

–       Ти благодарам, Мануел, но не сум гладна. Всушност, што подобро зборуваме толку подобро за двајцата.

–       За што сакаш да зборуваме?

Во тој момент заѕвоне мобилниот телефон на Каталина и на екранот беше испишано името  на Себастијан. Го зеде телефонот и кога воспостаи врска, го слушна гласот на својата помала сестра.

–       Ало? Луз? Што се случило? Што?!

 

 

Хисела се најде сама во станот. Себастијан нагло излезе, а Фредо и Ана беа во фирмата која ја основаа. Бак беше најаден и веќе лежеше до троседот. И беше здодевно па почна да чепка низ куќата. Во фиоката на комодата најде стари писма адресирани до нејзиниот татко. Отвори едно писмо и почна да чита на глас.

–       Драг Себастијан, не можам да поверувам дека уште не си ми одговорил на ниту едно од моите писма. Размислувам да ја прекинам бременоста…

Хисела со поглед ги дочита важните делови од писмото и во потпис го виде името на нејзината мајка Вероника.

 

 

            Дијана гледаше низ прозорецот како Каталина и Мануел се препираат околу нешто покрај базенот. Го заврте погледот кон Рафаел и ладнокрвно му рече;

–       Никој нема да знае дека си ги поминал последните часови од животот во оваа вила. Истата онаа која твојата ќерка ја избра за слатко прибежиште со својот вереник. Алекс, сфатија дека имбецилот е исчезнат и си одат. Мораме да побрзаме со планот.

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Научи ме да летам | Enseñame a Volar #055, 056

#55то продолжение                 Беше нешто по полноќ, кога лежеа голи на софата во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!