Секој четврток во 22 часот на Дискавери
Нов серијал на Дискавери кој спојува двајца наизглед неспојливи луѓе, со цел да докажат дека заедно се „Кралеви на дивината“. Едниот од нив е Џош Џејмс, професионален ловец од Нов Зеланд, зависник од природа и авантурите во неа. Човек во чие семејство никогаш не се купува месо, туку исклучиво се припремаат оброци од дивеч и риба кои Џош сам ги лови.
Другиот е Мет Тебат, славен британски готвач, кој освен што готви во ресторан води и кулинарска емисија, пишува рецепти, едноставно кажано живее за добра храна. Нивната единствена допирна точка е што и двајцата сакаат свежи и природни намирници.
Двајцата ќе посетат некои од нејнегостуљубивите места на планетата и за седум дена ќе докажат дека од состојките кои ги нуди природата може да се припреми вкусна храна. За нивниот предизвик да биде уште повозбудлив, тргнуваат само со основна опрема за преживување. Џош во лов ќе тргне само со лак и стрела, стапови, замки и мрежа. Мет има само еден лонец и е задолжен за собирање на билки, печурки и плодови.
Оваа необична гастро-ловна авантура ќе ги носи Џош и Мет секоја недела на непозната локација каде ќе мора да се снајдат без карта и компас. На секоја локација остануваат по 7 дена, а приоритет им е да пронајдат вода, да изградат засолниште и да запалат оган. Потоа од намирниците кои ги наоѓаат во природата, спремаат вкусни оброци. Патуваат во Мексико, Бугарија, Финска, Малезија и Борнео, а ќе покажат дека знаењето, страста и малку очај се клучни состојки за секоја авантура
Ќе успеат ли во нивниот обид да ја припитомат дивината? Следете „Кралеви на дивината“ од четврток во 22 часот на Дискавери.
Дани | ТВ Пакет