Започнуваме со преглед на сите евровизиски песни за оваа година
Од денеска, ТВ Пакет ексклузивно ќе започне со претставување на веќе избраните песни на земјите кои ќе учествуваат оваа година на изборот на песна за Евровизија. Прва во редот е Австрија. Австрија ќе ја преставува Zoë со Loin d’ici (Далеку одовде). Се работи за француски поп-електропоп, чиј текст е на Zoë Straub и Christof Straub, кои се и композитори на песната.
Австрија ќе се претстави во првото полуфинале во мај во Шведска.
Домаќините на минатогодишната Евровизија своето учество во Стокхолм го најавија на 14 септември минатата година. Иако во 2014 интерно ја одбраа Conchita Wurst и им ја донесе втората победа после 48 години (“Merci, Chérie” – Udo Jürgens, 1966) тие сепак се одлучија претставникот да биде избран на истиот начин како и минатата година, преку национално финале со 10 учесници. Wer singt für Österreich? беше насловот на изборот кој се оддржа на 12 февруари во ORF Center во Виена. 10 учесници беа дел од изборот каде што победникот беше одбран преку две рунди на гласање. Во првата рунда, гласовите од публиката и од жири панелот (од три членови) ги одбраа двете најдобри песни кои продолжија во следната фаза како суперфиналисти. Elly – I’ll Be Around и Zoë беа двете песни со најмногу гласови од комбинацијата публика и жири, а победникот во оваа фаза беше избран исклучиво од гласови од публиката каде што Zoë триумфираше.
Zoë (19 години) е родена во Виена, Австрија и е веќе позната на австриската музичка сцена. Уште од мали нозе, на 6 години е дел од детски музички фестивали. Основното и средното образование го поминала во француска гимназија во Виена после што одлучува да пее на француски јазик. Во 2015 исто така беше дел од националниот избор за претставник на својата земја во Виена, но освои трето место со песната “Quel filou”, напишана од нејзе и својот татко, Кристоф Штрауб, со кој ја изработи и токму победничката песна Loin d’ici. Во октомври минатата година го издаде својот деби албум Debut.
Боби | ТВ Пакет