Украина на Евровизија 2016
Една од најуспешните земји на Евровизија во последната деценија, која веќе година после нејзиното деби во 2003 победи во Истанбул 2004 со Руслана и “Wild Dances”. Од 2004 па досега не пропуштила финале на Евровизија, со тоа што два пати била второ место, во 2007 и 2008. Најслабиот резултат го бележат во 2005 година, 19-то место во финале. Поради конфликтите во Источна Украина минатата година тие не беа дел од Евровизија, но по една година пауза годинава се враќаат со песна која важи за една од главните фаворити.
На 16 септември минатата година нивниот јавен сервис го потврди учеството и во соработка со приватна телевизија одлучија да одржат национален избор. На 6, 13 и 21 февруари се оддржаа двете полуфиналиња и финале, каде што настапија 18 песни а само 6 имаа право да одат во главното финале. Таму победатa со скоро 38% од гласовите на публиката ја донесе Jamala со нумерата 1944.
Susana Jamaladynova или Jamala има 32 години и родена во Кримски Татар. Нејзиниот уникатен стил на џез, соул, блуз, класика и госпел ја прави една од најдобрите женски музичари во својата земја. Таа е родена во денешен Киргистан, од мајка Ерменка а татко Муслиманец. Но, после независноста на Украина поради состојбата во државата тие одлучуваат да се преселат во Крим.
Завршила колеџ во Киев, а во 2009 на натпреварот New Wave музичари ги освои музичките критичари. Досега има објавено четири албуми. Во врска со нејзината песна 1944 има голема историска позадина, воедно текстот на песната говори за депортирањето на Кримските Татари во 1940-те од Советската Унија од Џозеф Сталин. Нејзината инспирација за приказата во песната е од нејзината пра-баба. Песната има делумно политичка позадина и веќе има реакции од Русија за нејзино отстранување.
| ТВ Пакет