Sing it away – финската претставничка на Евровизија
Финска на Евровизија настапува уште од далечната 1961 година, а својата прва победа ја забележува дури во 2006 година со необичните Lordi. Финската радиотелевизија YLE како и своите соседи уште на 26 мај го потврди своето учество на Евровизија. Како и претходните пет години, и оваа одлучија својот претставник да го изберат преку шоуто Uuden Musiikin Kilpailu.
На 6, 13 и 20 февруари беа оддржани три полуфиналиња со по шест песни, од кои само три преку гласови од публиката се пласираа во финалето кое се оддржа на 27 февруари. Интересно е што иако се важеше за најголем фаворит, и дека конечно по втор пат обид ќе успее да ја претставува Финска, фантастичната изведба на Mikael Saari – On It Goes сепак беше победена од Sandhja и нејзината Sing It Away.
Sandhja Kuivalainen има 24 години и по потекло е од татко Финец и мајка Индо-Гвинезијка. Во 2013 година таа го издава својот прв сингл Hold Me, од својот деби албум кој го издава во 2014 година под име Gold а во продукција на Sony Music Finland.
| ТВ Пакет