Почетна / Сапуници / Нова турска серија „Судбина“ во 22 часот на Алфа телевизија

Нова турска серија „Судбина“ во 22 часот на Алфа телевизија

 

Од понеделник до петок – “Судбина” на Алфа

 

 

На местото на “Рането срце” чии последни епизоди ќе се емитуваат оваа седмица на Алфа во 22 часот, започнува нова турска серија, снимена во 2014 и 2015 година. Се работи за серијата “Судбина”, која секојдневно се емитуваше во Турција во утринскиот термин. Актерската екипа е генерално непозната за македонската публика поради тоа што се работи за дневна турска сапуница.

Во продолжение ве запознаваме со содржината на “Судбина” :

 

 

Асија е млада девојка, која никогаш не ги запознала своите родители. На породувањето, умира нејзината мајка, а два дена подоцна и нејзиниот татко, господар на огромно богатство. Од тогаш започнува несреќниот живот за Асија. Грижата за малото сираче ја превземаат нејзиниот чичко Левент и злобната стрина Ајсел чија единствена цел е да го добие богатството на покојниот. Знаејќи дека сирачето е наследничка на големото богатство, Ајсел смислува злокобен и опасен план, заедно со нејзиниот љубовник Куршет.

 

 

Таа му наредува на Куршет да се ослободи од девојчето и да ја убие, но планот не се одвива онака како што таа замислила. Таа мисли дека девојчето е мртво и на тој начин го добива наследството од покојниот, односно наследството на братот на нејзиниот маж. Но… всушност, Куршет ја оставил малечката во сиропиталиште, со цел секогаш да има нешто со што ќе ја уценува и ќе и се одмаздува на Ајсел.

 

Годините поминуваат. Асија израснува во убава девојка која доаѓа во Истанбул каде тајната за нејзиното потекло почнува да се открива и на тој начин да ја менува нејзината судбина. Асија се запознава и се заљубува во Јигит, свршеникот на Селма, ќерката на Левент и Ајсел. Тие се два спротивни света. Како оган и вода. Нивните срца се доближуваат, но остануваат далеку еден од друг како земјата и небото. Но, на една полна месечина, љубовта ќе засјае со полна силина и ќе ги помилува нивните срца и нивните усни.

Љубовта на Асија и Јигит почнува да им пречи на Селма и Ајсел, кои од тој момент почнуваат со сплетки и завери против Асија.

 

 

Колку повеќе пати љубовта е ставена на тест, толку поголема станува поврзаноста меѓу Асија и Јигит. Злобните Ајсел и Селма ќе сторат се’ за да ги разделат вљубените, но љубовта секогаш е посилна од љубомората, интригите и алчните амбиции.

Улоги : Duygu Keser, Ozan Dağgez, Yeşim Gül, Orhan Aydın, Deniz Özlem Durmaz, Aziz Sarvan, Pelin Orhuner

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!