Почетна / Забава / Евровизија / Дин повторно на Евросонг, овојпат во дует, и со рапер и челистка

Дин повторно на Евросонг, овојпат во дует, и со рапер и челистка

 

“Ljubav je” – песна на Алмир Ајановиќ и Јасмин Фазлиќ

За фановите на Евровизија еден од најсреќните денови минатата година беше 24 ноември кога БХРТ официјално објави дека се враќа на Евровизија после пропуштени три изданија. По настапот во 2012 тие одлучија да се повлечат поради сериозните финансиски проблеми со кои се соочуваше нивниот јавен сервис.

 

 

За жал, проблемите во телевизијата се уште постојат, дури и не се знае судбината која ќе ја има овој сервис поради долговите, но сепак со приватни спонзори тие собраа сили да бидат дел од Евровизија на која имаат толку голем успех. Со освоено трето место во 2006 година и досега цело време влез во финале, дефинитивно се смета за една од поуспешните нови земји според статистиката. За оваа година тие решија интерно да го пратат нивниот претставник од 2004, Deen во придружба на веќе докажаниот вокал Dalal. Покрај нив двајцата на сцената ќе настапи и познатата хрватска челистка Ana Rucner и раперот Jala.

 

Fuad Backović (Deen) е една од најголемите музички ѕвезди на босанската музичка сцена. Во 1997, со својата 15 година почнува да пее во бој бендот Seven Up. Бендот објавува два албуми, Отвори Очи и Seven, а самиот Фуад има уште три соло албуми до 2005 година. Во 1998 година започнува да пее во оперски хор. Има дипломирано на институтот Marangoni во насоката Fashion Business. Живее во Милано. Во 2004 на Евровизија во Истанбул завршува на одличното деветто место со песната In The Disco. Dalal Midhat-Talakić има 34 години и е членка на дуото Erato.

 

| ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!