Во недела на Сител – Даниел во “Твоето лице звучи познато”
По успешните претставувања во првите две емисии на ТЛЗП како Џибони и Бруно Марс, во третата епизода од третата сезона на шоуто ќе го видиме нашиот учесник во една нова улога. Овојпат, Кајмакоски ќе треба да ја имитира Тина Тарнер. За новата улога на жена, тој не се плаши од депилација, ниту од болката ниту од тоа што ќе речат другите, па така за новата улога вели :
– Тина Тарнер е одлична пејачка, а настапот кој ќе го видите во недела ќе биде спектакуларен, така да вреди да се помачам. Дел од оваа задача е не само да се оди, туку и да се танцува на штикли, што дефинитивно нема да биде лесно. Имам скокано банџи од 174 метри височина, се надевам ова ќе биде помалку стресно. Се на се сакам предизвици.
Дани | ТВ Пакет