Шпанија ќе пее “Кажи Ура” на евровизиската сцена
Со две победи во своите 55 настапи на Евровизија, Шпанија и натаму останува земјата која долго време се бори за повторна победа и тоа уште од 1969 година. Иако последните неколку години праќаа многу познати изведувачи сепак победничката песна уште не сме ја слушнале. На 14 септември минатата година тие го потврдија своето присуство во Стокхолм, а ТВЕ изјави дека ќе има повторно интерен избор.
Меѓутоа на 18 декември изјавија дека сепак ќе организираат национален избор, сличен на тој во 2014 кое вклучува неколку изведувачи и песни. Objetivo Eurovisión беше нивниот метод за избор на песна на Евровизија кој се оддржа на 1 февруари. Веднаш по објавата дека ќе има национален избор, ТВЕ до шпанската јавност соопшти дека очекува предлози за кандидат користејќи хаштаг #euroapuesta низ социјалните мрежи. Најпопуларните предлози беа Xuco Jones, Maverick и Raúl Gómez, кој беше единствениот од нив тројцата кој не настапуваше на националниот избор. Од шесте изведени песни победи најмодерната од нив, на Barei со вкупно 38.22% од гласовите.
Bárbara Reyzábal González-Aller е родена во 1982 година во Мадрид. Нејзината кариера ја започнала на 16 години откако преработила песни на Кристина Агилера, Лаура Паусини и Лаура Фабијан. Во 2001 се преселила во Мајами каде што снимала демо песни во латино поп жанр кои одлучила сепак никогаш да не ги објави.
Во 2011 под своето ново уметничко име Barei го објавува својот прв албум Billete para no volver на кој што имала и неколку песни на англиски јазик кои станале доста успешни по топ листите. Вториот албум Throw the Dice го објавува во 2015 година и е под британско и американско поп, фанк и соул влијание. Исто така била и предизведувач настапите на Лени Кравиц во Шпанија. Во продолжение ве запознаваме со нејзината евровизиска песна :
| ТВ Пакет