Почетна / Забава / Евровизија / Видео | Романтична песна за Италија на Евровизија 2016

Видео | Романтична песна за Италија на Евровизија 2016

 

Francesca Michielin – No degree of separation (Италија)

 

Земјата која дебитира уште од 1956 и која дури 12 години паузираше од овој настан веќе шеста година по ред ги освојува сите слушатели на Евровизија со своите квалитетни нумери. Два пати досега победници (1964 и 1990 година). Минатата година со популарните Il Divo и нумерата Grande Amore беа фаворити за победа, но завршија на одличното трето место.

 

 

RAI го потврди своето учество во Стокхолм на 15 септември минатата година. Откако се вратија повторно на Евровизија својот претставник го избираат преку нивниот традиционален Санремо фестивал. Победникот има право да оди на Евровизија, но само доколку е заинтересиран за понудата. Доколку ја одбие понудата, тогаш се одлучува помеѓу вториотпласиран и останатите финалисти. Годинава тие повторно одлучија да го користат истиот метод и шансата да ја претставува Италија ќе ја има Francesca Michielin која заврши второпласирана, откако групата Stadio кои ја добија првата награда одбија да одат на Евровизија.

 

Francesca Michielin има 21 година и освен тоа што пее таа се потпишува и како автор на своите песни. Ја стекнува популарноста по победата на петтата сезона на италијанскиот X Factor. Нејзиниот прв сингл Distratto ги освојува сите топ листи и беше доби сертификат за двоен платинум од Италијанската музичка федерација. Својот деби албум го издаде во октомври 2012 година, а годинава во февруари го издаде и вториот насловен di20. Нејзиниот најуспеше сингл е минатогодишниот L’amore esiste кој се најди како прв сингл на својот втор албум. Песната со која ќе ја претставува Италија на Евровизија ќе биде двојазична и содржи и мали англиски дел но се уште не е објавенa.

 

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!