Караман од “Во виорот на судбината” низ фотографии
Македонската публика најпрвин го запозна во улогата на Баран во серијата “Јунска ноќ”. Години подоцна се појави како главна улога и во “Грев”, а вистинско внимание кај нашите гледачки привлече преку најгледаната серија за оваа сезона “Црната роза” каде го толкуваше ликот на Мурат, главната причина да се кршат копјата за љубов и наследство во конакот на семејството.
И токму кога неговиот лик заминува од Розата, Сител телевизија ви понуди нова турска хит серија “Во виорот на судбината” која за кратко време ги привлече македонските девојки и жени пред тв екраните.
Луксузни куќи, модерни богаташи, семејни сплетки и љубовни замки ја карактеризираат оваа тв новела, во која главната улога му припадна токму на Озџан Дениз поради кого и најголем дел од публиката ја следи серијата.
Тој го толкува ликот на Караман, згоден и богат бизнисмен кој се вљубува во сурогат девојката која треба да роди дете на Караман и Дефне, неговата сопруга.
Што ќе се случува понатаму, дали тоа дете ќе се роди, дали ќе се дознае големата вистина што ја крие оваа приказна и дали Караман и Елиф ќе може да ја признаат и остварат својата љубов, останува да видите во наредните епизоди на Виорот.
Во продолжение ве запознаваме со Озџан Дениз, неговиот живот и пат кон успехот.
Озџан е роден во 1972 година во Анкара во просечно турско семејство. На 5 години, заедно со неговото семејство, емигрира во Ајдин каде го поминува детството и тинејџерските години.
Во тие улави и школски години, формира една мала театарска група која започнува да игра претстави во училиштето, а потоа и надвор од него во градот и околината. Театарските претстави кои ги играле биле правени по текст на самиот Озџан, кој појавувал љубов кон пишувањето.
Уште како млад започнува да се занимава и со музика, учествувајќи во неколку бендови и настапувајќи на некои талент шоуа. Со професионална кариера на пејач и композитор започнува да се занимава од 1992 година, и тоа во Германија каде тамошните продуценти го препознале неговиот талент и започнале сериозно да работат со него.
Досега има издадено околу десетина музички албуми, а врвот на својата кариера го достигнува кон крајот на деведесетите. Покрај кариерата на пејач и музичар, тој станува дел и од многу реклами како модел, поради тоа што е омилен кај тинејџерките и жените.
Првите чекори кон актерството ги има во 1994 година, учествувајќи во неколку туркси филмови. Голема слава во родната земја и арапските земји постигнува по 2000-та година, кога станува протагонист на многу турски серии.
Пред да започне со снимање на “Во виорот на судбината”, тој прекинува секакви контакти со медиумите кои сметаат дека тие го направиле ѕвезда и дека не треба да ги третира на тој начин и да одбегнува давање интервјуа и сликање.
Денес, Озџан е една од најголемите турски ѕвезди, за чии нови улоги, дополнително ќе ве известуваме понатаму.
Дани | ТВ Пакет