Почетна / Забава / Евровизија / Лаура Тесоро ќе ја претставува Белгија на Евровизија

Лаура Тесоро ќе ја претставува Белгија на Евровизија

 

Laura Tesoro – What’s The Pressure (Белгија)

 

Со само една победа досега во 1986 година, Белгија настапувала од самиот почеток на Евровизија. Минатата година тие имаа успешен настап со нумерата Rhytm Inside, која освои четврто место во финале, што беше најдобар пласман на Белгија на Евровизија уште од 2003 година, кога го освоија второто место.

 

 

Белгиската националнателевизија го објави својот интерес за Евровизија 2016 веќе на 26 мај минатата година, кога и изјави дек за разлика од лани годинава се решава за национален избор како метод за селекција на песната. Eurosong 2016 беше нивниот национален избор, и се состоеше од две вечери каде што во првата кандидатите пееја Евровизиски нумери а во втората веќе своите песни. На финалето, на 17 јануари тие се натпреваруваа и за нив глсаше публиката и интернационално жири составено од неколку земји. Со тесна разлика помеѓу првото и второто место, Лаура победи со 27 поени повеќе од второпласираниот Том и неговата одлична нумера I’m Not Lost.

 

Деветнаесетгодишната Лаура доаѓа од Антверп и е мултиталентиран изведувач: таа пее, танцува, глуми и води. Со белгиско-италијанските корени ги наследува шоубизнис гените од нејзините родители, и двајцата музичари. Прв пат имала телевизиска улога на осум години а на 11 години настапува во мјузиклот Annie. Била дел и од натпреварите Ketnetpop и The Voice. Taa пее во свој бенд и имаат издадено неколку песни. Сака поп нумери, со примеси на фанк и соул.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Програмски совет на МРТ : Да направиме напори за учество на Евросонг

Програмскиот совет на МРТ како тело по третпат, односно трета година по ред, сме сложни …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!