Познатата Качора во нова улога на филмското платно
Во текот на неделава што измина, започнаа снимањата на филмот “Gilda, no me arrepiento de este amor”, во кој познатата латино актерка Наталија Ореиро го толкува главниот женски лик Миријам Алехандра Бијанчи, за Аргентинците позната како Хилда.
Наталија Ореиро вели дека оваа улога е исполнување на нејзиниот животен сон, да го толкува ликот на Хилда – една од нејзините музички идоли и хероини, која загина во сообраќајна несреќа во 1996 година, а на која Наталија Ореиро и`има оддадено почит во теленовелите Sos mi vida, Solamente vos, а чии што песни Наталија Ореиро ги пееше и во мегахитот “Дивиот ангел”.
Во таа серија воедно и главните ликови и`оддадоа почит на Хилда со посета на местото на аргентинскиот автопат RN 12 каде што загина популарната аргентинска кумбија пејачка, место кое денес е познато како Кај Хилда или Куќата (вечната куќа) на Хилда, иако пејачката не е погребана на тоа место. Кај тоа место е сочуван и автобусот во кој загинаа пејачката, заедно со нејзината мајка, постарата ќерка, возачот и тројца музичари. Многу од нејзините обожаватели ја сметаат за светица, па дури и тврдат дека на местото на несреќата се случуваат чуда. Покојната пејачка, која загина на неполни 5 недели пред нејзиниот 35-ти роденден, кај Аргентинците го ужива кристално истиот статус кој го ужива покојниот Тоше Проески кај нас Македонците.
Анхела Торес ќе го толкува ликот на младата Хилда, а Наталија Ореиро ќе го толкува ликот на возрасната Хилда.
Филмот го режира Лорена Муљоз, а премиерата е закажана за 7 септември 2016.
Дани | ТВ Пакет