Фризерското студио “ В.А.- Фешн“ од Скопје годинава наполни точно седум години успешно работење.
Сопственикот Војкан Андреевски на својот Фејсбук профил им се заблагодари на своите клиенти.
„На мое големо задоволство ве известувам дека денес славиме 7 години од постоењето на Fashion VA !! Во овие 7 години секогаш се трудевме задоволството и насмевките на нашите клиенти да бидат најважни во нашата работа. Голем труд и тешка работа наместо само шанса за работа. Повеќе задоволни клиенти и наши пријатели наместо само обични минувачи во нашите животи. Нека се множат нашите години и нека се множат нашите Драги и почитувани Клиенти. Среќен 7ми Роденден Fashion V.A“, напиша тој.