Нови термини за турските серии на Сител
Гледачите на Сител телевизија од сега ќе уживаат во нивните омилени турски серии “Во виорот на судбината” и “Црната роза” во продолжено времетраење. Имено, Виорот од сега ќе се емитува секој работен ден, од понеделник до петок со почеток од 19:45 часот, а “Црната роза” веднаш по неа, некаде околу 21:15 часот.
Во наредните епизоди, Виорот ќе ги разниша уште посилно судбините на сурогат мајката и семејството кое опсесивно очекува рожба од неа, а пак заробена меѓу оковите на традицијата и желбата да обезбезди убав живот за своите деца, Црната роза ќе мора многу поцврсто да се соочи со своите непријатели и да се избори против сите неправди кои и беа нанесени.
За викенд вечерите, ќе се емитува комедијата “Убавата селанка”, секоја сабота и недела по Дневникот на Сител.
Дани | ТВ Пакет