“Ти си комплетна, незаменлива, интернационална ѕвезда” – се огласи жирито
Македонскиот кандидат за победа во детското талент шоу “Пинк ѕвездички”, како и секој претходен пат, така и сега, ги остави без зборови сите во салата на Пинк и пред малите тв екрани. 12 годишната Кумановска ја отпеа “Elastic heart” од Сиа и брилираше повторно, во ново руво и во ново уште посјајно светло.
– Мене ова ми беше најдобриот настап за вечерва. Ово беше совршено. Како да гледам светски настап. Отпеано, донесено, буквално се’. Ме наежи три пати во текот на песната. Јас сум без зборови, по педесетти пат – беше коментарот на Хари Мата Хари. На неговите коментари се надоврза и Јелена Томашевиќ, за која нашата учесничка е една комплетна пејачка која пее боженствено и која воодушевува со секој следен нејзин настап се’ повеќе и повеќе.
– “Ме потсетуваш на Џесика Алба посебно вечерва”, и’ кажа Јелена и додаде – “Се’ што отпеа беше стегнато, компримирано, како за на ЦД. Браво.”
За Милан, Мартија ги надмина сите музички граници во регионалните шоу програми, а што кажаа Леонтина и Гоца видете во следново видео и на Сител во понеделник, веднаш по “Црната роза”.
Дани | ТВ Пакет