Почетна / Живот / Eмотиконите централен дел на новиот визуелен идентитет на TLC

Eмотиконите централен дел на новиот визуелен идентитет на TLC

 

TLC во чекор со интернет генерацијата

 

Компанијата „Дискавери нетворкс ЦЕЕМЕА“ го претстави новиот визуелен идентитет за ТЛЦ, посветен на жените, кој се темели на едноставниот концепт „ОМГ со срце“, а значи воведување емотикони за комуникација со своите гледачи. Интегрираната кампања за новиот визуелен идентитет е базирана на двете основни вредности на ТЛЦ, а тоа се изненадувањето и емоциите. Во оваа кампања ќе видиме живи бои со кои е освежен самиот телевизиски канал, како и неговиот логотип.

Емотиконите вообичаено се користат во комуникацијата на друштвените мрежи за изразување чувства и заземаат централно место во популарната култура. ТЛЦ ќе ја искористи моќта на емотиконите за да може подобро да се поврзе со публиката. Со сопствената база на емотикони, ТЛЦ ќе ја претстави разновидноста на содржините и ликовите што се прикажуваат на телевизискиот канал.

„TLC е покренат пред пет години и моментално е водечки забавен канал посветен на жените во централна и источна Европа, Блискиот Исток и Африка (ЦЕЕМЕА регион) и е најдистрибуиран канал посветен на жената во целиот свет. Веруваме дека емотиконите се совршени за изразување и интензивирање на емоциите и опишување на ТЛЦ ликовите на духовит, топол и искрен тон. На овој начин се приближуваме и на помладата публика и даваме попривлечен и вреден производ како за дистрибуција така и на партнерите кои се огласуваат.“ изјави Пол Велинг, потпретседател на каналите на Дискавери нетворкс ЦЕЕМЕА.

 

 

Развиен под водство на Стефан Ројл, виш креативен директор на Дискавери нетворкс ЦЕЕМЕА, кампањата „OMG with heart“ („ОМГ со срце“) вклучува употреба на емотиконите на повеќе креативни начини, во видео спотот посветен на ТЛЦ брендот, рекламите во програмата, печатените огласи, надворешното огласување и материјалите за дигитално огласување, а ја презентираат разиграноста, храброста и позитивноста на ТЛЦ. Социјалните мрежи ќе играат многу важна улога во кампањата и ќе ги повикува ТЛЦ фановите да ги изразуваат своите емоции на забавен начин, поврзувајќи се со емоционалните моменти на клучните ТЛЦ серијали.

 

 

Главни теми на ТЛЦ се венчавките, храната, семејството, медицината, животните искуства, телесните промени и запознавање на партнери со секогаш присутниот заплет и затоа кампањата е фокусирана на серијалите кои го дефинираат брендот како новите сезони на „Шефот на слаткарницата“ и „Одбери ја идеалната венчаница“ или новите серијали како „Двајца на милион“, „мојот екстремен вишок кожа“, „Самохран татко во потрага“ и „Слаба шанса“.

 

Дани | ТВ Пакет

 

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Добитниците на награди на Струшките вечери на поезијата 2024

Со Меѓународен поетски митинг на платото пред Музејот на современа уметност во Скопје, заврши 63. …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!