Почетна / Сапуници / Нова турска серија „Заборави ако можеш…“ на Сител телевизија

Нова турска серија „Заборави ако можеш…“ на Сител телевизија

 

Љубов меѓу зетот и балдската во новата турска серија

 

Oвој месец на Сител телевизија започнува нова турска ТВ новела “Заборави ако можеш…”. Романтичната приказна ќе се емитува во текот на летниот период, а во главните улоги ги гледаме Мендерес од “Завет”, Асије од “Посилна од се'” и Дилруба од “Империја”. Во продолжение запознајте се со содржината на новата играна серија :

 

 

Харун е син на богат бизнисмен кој управува со семејниот холдинг заедно со неговиот татко Фејаз. Тој има врска со Мелда, девојката која работи во неговата фирма. Таа е убава и млада, која ужива почит кај господинот Фејаз затоа што е одговорна, темелна и идеалист во тоа што го работи. Токму затоа и Фејаз сака да ја види Мелда за негова снаа.

Но, Харун случајно ја запознава Еда и токму таа средба ќе го смени неговиот живот. Тие двајца се вљубуваат еден во друг, и започнуваат една романтична врска, без никој да знае. По неколку заеднички поминати викенди, Харун става крај на таа кратка романса затоа што неговиот татко го притиска да се ожени со Мелда.

 

И токму кога семејството оди кај Мелда да ја запросат, Харун го чека лошо изненадување. Во куќата на Мелда е и Еда. Откритието е непријатно – Мелда и Еда се сестри. Еда останува смирена и на свршувачката се однесува како ништо да не се случило, но длабоко во себе чувствува голема болка која сака да ја заборави и да ги згасне своите искрени чувства кон свршеникот на нејзината сестра. За да не ја повреди сестрата, Еда решава да се оддалечи од Харун, но љубовта не бира средства.

 

 

Кога еднаш ќе се всели во срцето, тешко може некој да ја откорени. Како што поминува времето, чувствата на Харун и Еда се’ повеќе се разгоруваат, а блискоста на зетот и балдската станува се’ појасна. Работите се комплицираат кога Еда дознава дека е бремена од Харун. Дали тоа е моментот кога Мелда ќе дознае за аферата на Еда и Харун? Дали Мелда ќе може да го прости тоа неверство и да го заборави минатото? Двете сестри одеднаш стануваат непријателки, борејќи се за мажот на нивните сништа.

 

 

Улоги : Serhan Yavaş (Харун), Özlem Yılmaz (Еда), Sinem Öztufan (Мелда), Fikret Hakan (Фејаз) и др.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Шпанската хумористична серија „Новите соседи“ доаѓа на ТВ 24

Купувањето стан е една од најважните работи во животот, но откако ќе се стави потписот …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!