Видео | Македонките на чекор до финалните емисии
Македонската учесничка во хит шоуто “Ѕвездичките на Пинк”, Антониа Гиговска од Скопје, помина уште една четвртфинална емисија. Во студиото на Пинк, нашата ѕвездичка се претстави со песната “Маховина” од српската пејачка Сара Јовановиќ.
Можеби се работи за недоволно позната пејачка и песна за македонската публика, но и покрај тоа, Антониа ја долови емотивно и фантастично и оваа песна, по што заслужи само пофални коментари од Леонтина, Хари, Јелена, Милан и Гоца.
Што кажа жирито, и кој испадна во најновото издание на Пинковите ѕвездички, ќе дознаете понеделник навечер на Сител телевизија. Во продолжение погледнете го нежниот настап на Антониа :
Дани | ТВ Пакет