Македонскиот спортист Александар Маленко преку својот Твитер профил јавно побара да му се овозможи да го организира пливачкиот маратон за деца, Илинден, а притоа вети дека учеството во истиот за сите деца ќе биде комплетно бесплатно.
– Национална стратегија за спорт и млади 2016-2028 година претставува еден од најзначајните стратешки проекти во една држава. Без здрава младина нема сегашност и иднина, вели Александар кој побара поддршка од медиумите за остварување на овој значаен проект.
– Овој проект ќе биде реализиран за младите и со младите, потребна ни е нивната соработка и затоа бараме да се вклучат со своите идеи и способности во сите сегменти на општествениот систем. Финансиската конструкција за спроведување, односно изградба на спортскиот и младински интернат е обезбедена од изготвувачот на Националната стратегија за спорт и млади преку Европскиот фонд во висина од 8 милиони евра за наредните 4 години, вели Маленко во изјавата.
Спортистот потенцира дека проектот нема да биде партиски обоен.