Вечерва ќе се одржи финалето на фестивалот „Макфест 2016“. Првата и втората полуфинална вечер привлекоа особено внимание кај корисниците на социјалните мрежи и натпреварувачите станаа новата мета на твитерџиите, а со тоа името на фестивалот велезе во трендинг темите на Твитер.
Но, меѓу нив беше и Александра Јанева која навистина изненади со својата изведба. Александра настапи во првата полуфинална вечер, а вечерва во финалето настапува по реден број 19. Композицијата „За сто години“ која е дело на Ристо Самарџиев веќе е хит на видео сервисот Јутјуб, а дали оваа композиција ќе и помогне на Александра уште еднаш да ја однесе победата на вој фестивал проценете сами, во прилог е видео од настапот.
Доколку Александра е и ваш фаворит вечерва гласајте на 141730 со текст 19.
| ТВ Пакет