Фановите на електронската музика, на 16 јуни на Скопско лизгалиште ги очекува единствениот целовечерен настан SOUNDBOX кој ексклузивно и прв пат во Македонија претставува двајца великани од американската диџеј сцена! Со реноме кое гарантира префинет електронски звук и извонредно музичко доживување, на SOUNDBOX доаѓаат: ексцентричниот GREEN VELVET – еден од водечките техно и хаус диџеи во светот познат по култните нумери „Flash“, „La La Land“, „Answering Machine“ и бројни хитови кои го дефинираа техно жанрот; како и херојот од денс музиката ERICK MORILLO – платинестиот добитник на престижни награди, основач на легендарната Subliminal Records и врвен светски промотор на сите стилови на хаус музиката.
Покрај нив, во листата на изведувачи за овој настан се запишуваат диџеите АЛЕКСАНДАР МИСКОСКИ и МАЦИ СТОЈАНОВИЌ кои, на единствената забава која вкупно ќе трае повеќе од 6 часа, ќе го претстават звукот на домашната електронска сцена.
SOUNDBOX настанот во организација на Password Production и EEMM Group, ќе се одржи на 16 јуни на Скопско лизгалиште, со почеток во 22:00 часот, а влезот за посетителите ќе биде отворен од 21:30 часот.
GREEN VELVET зад себе има 6 студиски албуми, вклучувајќи го и последниот „Unity“ објавен минатата година како заедничко издание со Carl Craig, а до денес под различни имиња бележи стотици сингл и ремикс изданија. Тој се издвои од легендарната чикашка сцена уште со првите хаус синглови „Coffee Pot“ и „Brighter Days“, кои ги објави под името Cajmere. Музичкото алтер-его Green Velvet го добива подоцна поради сајберпанк изгледот кој го објаснува како влијание од David Bowie и психоделичниот фанк состав Sly and the Family Stone. Но, повеќе од имиџот, она што ексцентричниот Velvet го издвојува од остатокот на диџеј сцената е користењето на сопствениот вокал во наративен манир и со автентични стории кои ја надополнуваат неговата музика. Една од таквите, преку ноќ го презема првото место на американската топ листа и се запиша во химните на светскиот клабинг во деведесеттите: „Cameras ready, prepare to flash“ беа стиховите по кои секој клуб експлодираше! „Flash“ стана заштитна нумера на Green Velvet, а набргу успехот го потврди и со синглот „Answering Machine“. Најголемиот хит дојде со албумот „Whatever“ во 2001 година кога синглот „La La Land“ за кратко време стана едно од најуспешните електронски изданија на сите времиња.
Во 2013 година тој беше на првото место на листата на најпродавани електронски изданија со неговиот албум „Unshakable“, а покрај тоа признание, хит-синглот „Bigger Than Prince“ стана еден од најголемите електро-хитови годината и беше официјално највртениот сингл за време на престижниот „Amsterdam Dance Event“ – најголемиот собир на светската електронска сцена во Европа. Зошто целокупната електронска заедница го смета за автентичен великан чии настапи се меѓу најбараните од љубителите на клабингот, публиката во Скопје конечно ќе има прилика да чуе на 16 јуни на SOUNDBOX настанот на Скопско Лизгалиште.
ERICK MORILLO, повеќе од една деценија важи за еден од најбараните и најпрепознатливите диџеи во светот, со ремикси за многу големи имиња, од Whitney Houston до Basement Jaxx, од Sneaker Pimps до Macy Gray. Тој ги освои врвовите на светските топ-листи и оствари платинеста продажба како продуцент на хитот „I Like To Move It“ на Reel 2 Real, а е добитник на разни престижни награди како оние за најдобар хаус диџеј во 1999 и 2001 година и најдобар светски диџеј во 2002 година на „Pacha Ibiza Awards“. Во 1997 тој ја оформи денес легендарната етикета „Subliminal Records“ чија цел е јасна; промоција на хаус звукот од оние фанки ритмови до соул и андерграунд, пред сѐ со акцент на квалитетот. Неговиот прв албум „My World“ (2005 год.) вклучуваше соработки со имиња како Puff Daddy, DJ Rap, Boy George, the Mad Stuntman, The Audio Bullys, а подоцна и со Skin, Eddie Thonieck, како и соработката со Alexandra Burke на британскиот Топ 5 хит „If This Ain’t Love“.
Неговата постојано исполнета агенда, во еден момент дојде и до својот зенит со неверојатни 30 настапи месечно ширум светот, а неговата кариера вклучува завидни остварувања, од инстантниот успех на неговите неделни „Sessions“ забави во Њујорк, преку хостирањето на годишните масовни „Subliminal Sessions“ забави на „Winter Music Conference“ во Мајами, па сѐ долудо посакуваната кариера како резидент на „Ministry of Sound“ и секако легендарните „Subliminal Sessions“ забави на Ибица.
ПРОМОТИВНИТЕ БИЛЕТИ ВО ПРОДАЖБА САМО ДО 1 ЈУНИ
Влезниците за SOUNDBOX ќе бидат достапни од среда (18 мај), преку продажната мрежа наМКтикетс и тоа по промотивна цена од само 300 денари која ќе важи САМО ДО 1 ЈУНИ. Потоа цената на билетите во претпродажба ќе биде 400 денари, додека билетите на денот на одржување на настанот (16 јуни) ќе чинат 500 денари.
Покрај регуларните, во продажба ќе бидат достапни и ВИП билетите од 800 денари, како иВИП пакетите кои чинат 5.000 денари (4 ВИП билети + висока барска маса + шише алкохол по избор Finlandia/Tullamore Dew/Jagermeister).