Вака звучеше Мартија како Зара Ларсон на сцената на Пинк
Со хитот “Uncover”, нашата Мартија Станојковиќ настапи вечерва во второто полуфинале од “Ѕвездичките на Пинк”.
Со еден збор – растури! Како што и самата жири комисија повеќе немаше зборови да опише како изгледаше и звучеше Мартија, така и нашиот портал повеќе нема зборови за да напише било што за ова чудесно девојче.
– Ти си најдобра! Ти си светска ѕвезда – се зборовите на жирито, кои ги цитира и прифаќа како свои и ТВ Пакет. Во продолжение настапот :
Не се ни сомневаме дека Мартија благодарение на вашите гласови оди во големото суперфинале на 1 јули, а до тогаш гласајте за неа на 141 – 345, така што испраќате СМС порака со текст : GLA (празно место) C и редниот број на кандидатката:
GLA C16 – за Мартија Станојковиќ
Дани | ТВ Пакет