Балканската музичка ѕвезда, еден од најголемите пејачи и кантавтори во регионот, босанскиот волшебник Дино Мерлин откако го најави својот голем концерт во Охрид закажан за 23 јули, полека но сигурно се подготвува за истиот но и за тие неколку дена кои што со задоволство ќе ги помине во Струга и Охрид. Имено, Дино во македонскиот бисер пристигнува 4 дена порано за да ги ужива убавините на ова најголемо македонско езеро. Со оглед на тоа дека е љубител на зимски спортови, од организаторите на концертот се што побарал е скијање, ама на вода.
И додека светските ѕвезди трупаат барања на своите рајдер листи, Мерлин скромно но со големо задоволство побарал два дена слобони за да ужива во охридската белвица и кафе на Црн Дрим.
Тимот на Дино Мерлин од Скопје, најави концерт кој што ќе трае цели 3 ипол часа. Дино Мерлин на овој свој концерт нема гости и нема предгрупа, што би рекло дека во тие три ипол часа, Мерлин својот репертоар ќе го пополни со повеќе од 50 свои песни, без сомнеж сите до една хитови.
Продажбата на влезниците оди со рекордна брзина. И освен Македонците кои што влезниците за овој концерт можат да ги најдат буквално на секој чекор, за овој мега концерт на Мерлин кој што ќе ги сруши рекордите на посетеност во рамките на оваа негова турнеја Хотел Национал, за песните на Дино се интересираат и неговите регионални фанови. Досега најбројни се Црногорците кои што решиле годинава да го освојуваат охридското крајбрежје. По нив тука се и Србите, Албанците и Бугарите.
Влезниците за овој концерт по супер цена почнувајќи од 650 денари за Партер, преку 1000 денари за Фан Пит кој што пак e ограничен на 2500 влезници, се до ВИП влезница која чини 1500 денари и до која можете да стигнете само преку резервација.
Она што е несекојдневно во однос на влезниците и приоритетите е фактот дека студентите за овој концерт ќе можат да купат влезница со попуст од 15% и тоа во самите студентски домови.
Останатите продажни места овојпат подостапни од било кога. Освен што ќе можете да ја најдете во било кој Тинекс Маркет во државава, влезница како и концертни реквизити и сувенири ќе можете да набавите на самиот плоштад во Охрид, од 23.06 до 23.07. Стандардните места за продажба на влезници како Розе Веро 2, Југотон и локални киосци, остануваат на листата на продажни места низ цела Македонија. (детално, продажните места во цела Македонија поединечно по градови, можете да ги видите на следниот линк: https://www.facebook.com/dinomerlinvoohrid/ )
Еден од најдобрите македонски брендови, ЦЕВИТАНА е официјален покровител на концертот и со секоја купена влезница, публиката ќе може да ужива во гратис пакување на вкусовите на Цевитана.
Почетокот на концертот е закажан за 21.30 часот. Песната со која што Дино Мерлин за сите кои што на тој 23 јули ќе се најдат во Охрид, ќе го отвори својот “Хотел Национал” е Шкољка.