Дечиња, уживајте во безвременската приказна за Снежана и џуџињата
Во рамките на Скопското лето, во Дрмаски театар на 26 јуни ( недела) напладне ќе биде изведена новата театарска претстава за Снежана и 7те џуџиња. Сценографија на која се проектирани тридимензионални анимации, костими што ја отсликуваат маѓичноста на приказната и млада екипа ќе ја сочинуваат претставата која во режија на Димче Николовски премиернобеше изведена пред 3 месеци во Драмски.
Снежана, џуџињата и другите ликови во претставата ги играат актерите: Александра Павлова, Трајанка Илиева-Велиќ/Калина Наумовска, Златко Митрески, Александар Стефанулески, Димитрија Доксевски, Мартин Минговски, Дритон Вејсели, Соња Стамболџиоска, Сања Арсовска, Благица Димитровска, Емилија Мицевска, Бобан Алексовски, Дарко Карбески и Марко Илиќ.
– Претставата се занимава со вечната тема, борбата меѓу доброто и злото, со крајна порака дека добрината и љубовта секогаш победуваат. Беше предизвик да се влезе во архетипската психологија на приказната и за потоа истата во најдобар можен начин да им се прикаже на децата – истакнува Павлова, актерката што ја толкува Снежана, з акоја ова е прва главна улога.
Костимографијата е на Лира Грабул, автор на сценографијата е Сергеј Светозарев, а музиката ја подготви Димитар Андоновски.
Дани | ТВ Пакет