Ена ја продолжува соло кариерата со нова песна
Македонската аре-ен-би пејачка Магдалена Цветковска – Ена промовираше нова песна со видео спот. Текстот за “Плачат и најсилни” е нејзин, додека пак музиката ја направи заедно со брат и, хит мејкерот Лазар Цветковски. Аранжманот и продукцијата се исто така на Лазар, а обработката на песната ја правеше Metropolis Mastering Studio / London.
Видео записот е дело на Горила филмс, во режија на Горан Костадинов.
Спотот е снимен на неколку локации во Прилеп и Скопје, меѓу кои и во мариовскиот регион, во една стара напуштена фабрика и околу манастирот Трескавец. Во наредниот период, Ена продолжува со снимање на новите песни за новиот албум.
Дани | ТВ Пакет