Почетна / МК Сцена / Изложба на артефакти на словенечки архитекти од денес во МОБ

Изложба на артефакти на словенечки архитекти од денес во МОБ

 

Изложба “Херои за еден ден” од денес до 14 јули

 

Изложбата „Херои за еден ден“ на архитектот Даниел Серафимовски и уметницата Нада Прља вечер ќе биде отворена во Македонската опера и балет.

Изложбата се фокусира на три згради или урбани артефакти на словенечки архитекти во Скопје. Се работи за зградите на МОБ, како дел од проектот „Културен центар“ на Биро 71 (изградена 1972-81), Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Марко Мушич (1970-74) и Природно-математичкиот факултет на Едвард Равникар (1949-51).

 

Оваа изложба е во рамки на годинашната манифестација „Скопско лето“, а поддржана е од Амбасадата на Словенија во Македонија.

Учесници и соработници на изложбата се архитектите Виолета и Минас Бакалчев, Мартин Гулески, Јован Ивановски, Владимир Десков, Ана Ивановска-Дескова, Влатко П. Коробар, Митко Хаџи-Пуља, Зоран Петровски-куратор, Андријана Тилиќ и Иван Блажев-фотографи и  уметниците Јане Чаловски, Никола Узуновски, Илија Прокопиев, Душан Перчинков, Берт Стајн-писател и модниот дизајнер Драган Христов.

 

 

Вечер ќе биде промовирана и книга во врска со изложбата. Според организаторите, таа е и документација на материјалот на изложбата.
Мирко Стефаноски, директор на Дирекцијата за култура и уметност на Скопје, организатор на „Скопско лето“ потенцира дека ги поддржуваат културните настани од Словенија бидејќи се сериозни и современи. Изложбата ќе биде отворена до 14 јули годинава.

 

Дани | ТВ Пакет

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Анониа Гиговска проговори за бившиот: Го сакам Иван како човек

Антониа Гиговска, откако по четири години ја прекина врската со Иван Јованов, вели дека во …

Leave a Reply

error: Содржината е заштитена!