38/42
АЗЕРБЕЈЏАН
Изведувач: Sabina Babayeva
Песна: ‘When the Music Dies’
Финале (26/05/2012)
Време е да го претставиме и домаќинот на Евровизија 2012. Земјата на оганот, земјата на нафтата, земјата каде што човечките права ретко се почитуваат, земјата каде владее претседателот Илхам Алијев веќе девет години, и земјата која е позната по ужасниот национален избор. Но и покрај тој национален избор каде што претставникот се одбира преку избор на таленти, и покрај уништувањето на речиси сите Евровизиски хитови од страна на азербејџанските анти-таленти, жирито успеа да го извлече најдоброто од сето тоа, и да го одбере можеби единствениот талент од сите таму, прекрасната Сабина Бабајева. Сите знаеме дека домаќините се подготвуваат најдобро кога е во прашање на песната, Азербејџан се потруди и годинава да прати квалитетна песна, повторно балада, но сепак она што не ми се допаѓа е што повторно од шведски тим, што веќе се повторува три години, и песната можеби затоа доста наликува на хитот на Сафура од 2010-та година “Drip drop”. За одгодина им препорачувам да пратат вистинска азербејџанска песна, иако и оваа има некои елементи на нивните традиционални инструменти, сепак може да се почувствува дека е вистинска американска балада.
DarkShadow | ТВ Пакет