Емисијата со Бојана на Сител 3 отиде на одмор
Забавната емисија “Улица Македонија” отиде на летна пауза. Се работи за емисија на Сител 3 телевизија, чија водителка беше поп пејачката Бојана. Во секоја емисија, секоја сабота, во еден староградски амбиент со нежна и топла музика, Бојана го пречекуваше совјот гостин и низ разговорот во студиото, гледачите откриваа интересни детали од животите на познатите.
За крајот на сезоната, авторите на проектот велат : “Ни беше исклучително задоволство со вас да се дружиме во нашата успешна прва сезона и да го реализираме овој проект наречен “Улица Македонија”, единствен од ваков тип кој постои во македонскиот етер.
Бојана Скендеровски со целиот наш тим зад камерите, во изминатиов период напорно работea за да ги исполнат вашите очекувања, да го задржат вашето внимание и да ги исполниме нашите ветувања. Ви благодариме за вашата поддршка и ви ветуваме многу повеќе во следната сезона од oктомври.”
Нови гости од музичката, културно-забавната и спортската сцена не’ очекуваат веќе од есен. Инаку ова не е прв телевизиски ангажман на Бојана, која кариерата ја започна преку талент аудициите на М2. Пред неколку години беше дел од емисија за автомобилизам, а лани слична емисија со гости водеше и на Алфа телевизија.
Дани | ТВ Пакет