Вчеравечер на втората вечер на Пиво Фест 2016 веднаш после Хари Мата Хари публиката влезе во вистински делириум, а главни виновници за тоа беа грчките диџеи и нивниот музички сет кој траеше повеќе од два ипол часа. Bang La Decks остварија неверојатна комуникација со публиката и докажаа дека Македонците сеуште знаат да препознаат вистинска забава.
После Тропико Бенд, Флај Проџект, Рафаел, Каролина Гочева, Хари Мата Хари и Банг Ла Декс вечерва се најавени Аца Лукас, Рада Манојлович и Миле Кузмановски, Прилеп е подговен за уште една спектакуларна вечер!