Камперите на Могила презадоволни од организацијата и од добрата забава
Четвртиот фестивалски ден започна со традиционалната утринска чорба за камперите во Могилата на непобедените, која им ја послужи градоначалникот Марјан Ристески.
Секоја година Могилата на непобедените изобилува со многу љубители кои сакаат авантуристички начин на одмор и добра забава, а утрото им почнува со вкусна џорба и утринско кафе и чај.
Градоначалникот во својата изјава посочи дека е презадоволен што вечерта помина одлично, градот беше преполн, забавата одлична, но пред се – народот задоволен.
Вечерва прва на сцената ќе ја видиме српската дива Александра Радовиќ, за веднаш потоа атмосферата да се вжешти со маестралниот Дејан Петровиќ и оркестарот „Биг Бенд“.
Публиката со нетрпение ги очекува „Парни Ваљак“ со кои и ќе биде затворен овој 14. по ред „Пивофест“.
Дани | ТВ Пакет