1 август, стадион “Билјанини извори” – Охрид
Пн. Познат по сингловите „Are you with me“ и „Reality“, младиот Белгиец благодарејќи на овие две песни стана планетарно познат, а неговиот успех се движи навистина вртоглаво во нагорен правец. Станува збор за хитови кои заедно бележат преку 200 милиони прегледи на Youtube и се наоѓаат меѓу десетте најслушани песни изминатата година.
Младата, но веќе голема ѕвезда Felix De Laet, познат по уметничкото име Lost Frequencies е уште една од големите ѕвезди што за прв пат ќе ја види македонската публика и онаа од регионот на првото издание на Ohrid Calling, закажано за 1ви август на стадионот „Билјанини извори“ во Охрид. Познат по сингловите „Are you with me“ и „Reality“, младиот Белгиец благодарејќи на овие две песни стана планетарно познат, а неговиот успех расте навистина вртоглаво. Станува збор за хитови кои заедно бележат преку 200 милиони прегледи на Youtube и се наоѓаат меѓу десетте најслушани песни изминатата година, според податоците од сервисите Shazam, Spotify…, каде што белгискиот продуцент Felix De Laet (како што му е полното име) се најде во друштво со хитмејкерите како што се Wiz Khalifa, Ellie Goulding, Kygo и Feder.
Дека со излегувањето на овие два планетарни хита му се промени животот, потврдува и популарниот диџеј.
– До пред излегувањето на „Are you with me“ јас бев само обичен студент и откако излезе песната, таа стана навистина многу популарна во Европа. Во тоа време се` уште студирав, бидејќи светот во музичката индустрија понекогаш е застрашувачки и не знаев како се` ќе заврши. Си реков дека ќе ризикувам и направив уште една песна- „Reality“. И таа помина одлично. Среќен сум со се` што ми се случува моментално, животот навистина многу ми се промени- вели диџејот Lost Frequencies.
Тоа го докажува и неговата континуирано набиена концертна агенда, која вклучува настапи на сите актуелни светски фестивали, како и клубови шурум светот.
За септември, Lost Frequencies го планира и својот прв комплетен студиски албум кој го најави во јуни со уште еден хитовски сингл насловен „Beautiful fife“, со Sandro Cavazza како негов соработник. Оваа песна ќе биде носечки звук за она што овој диџеј ќе го понуди во септември кога ќе излезе неговото студиско првенче.
По журката со Nicky Romero и Lost Frequencies, а во рамките на Ohrid Calling ќе се случат уште два концерта. На 13ти август ни доаѓа светскиот гитарски виртуоз Al Di Meola со ексклузивен концерт на Античкиот театар, додека на 14-ти август на стадионот „Билјанини извори“ после 10 години во Македонија ќе настапат The Prodigy- една од најголемите светски музички атракции на сите времиња.
Билетите се во продажба на сите продажни места на Купи Карти За Се и Тикет Плус, како и онлајн.
Огранизатор на Ohrid Calling е Авалон продукција.
Дани | ТВ Пакет