Шенон : Поради болеста, почнав да губам и улоги
Познатата актерка Шенон Доерти, ѕвездата на сериите “Беверли Хилс” и “Волшебнички” ја води најголемата борба досега, борба со ракот на градата, и поради тоа беше приморана да ја исече долгата црна коса, која е нејзино обележје во кариерата. 45 годишната актерка ја откри болеста во март минатата година и од тогаш го започна долгото и напорно лекување.
“Мило ми е што ја имам поддршката од семејството, пријателите и докторите, и секако фановите кои се секогаш тука за мене.” – изјави Шенон Доерти, подготвена да се избори и со овој животен проблем.
Хемотерапијата која ја прима ги носи своите последици, па така, Шенон мораше да ја скрати косата. Храброста и издржливоста ја натераа сама да посегне по ножиците, а истиот чин беше објавен на Инстаграм. Во една од фотографиите е со нејзината мајка, која ја прегрнува, и и’ ја дава целата можна поддршка на ќерката.
Кратењето на косата не е најстрашниот момент од оваа хемотерапија за Шенон. Поради силните лекарства кои ги има, веќе одреден период не може да забремени од нејзиниот сегашен сопруг, со кого е четири години во брак.
Многумина кои ги погледнаа фотографиите се зачудени. Нејзините фанови не може да поверуваат дека нивниот омилен лик Бренда од “Беверли Хилс” денес изгледа вака. За нив е неверојатно дека Бренда е болна од таква сериозна болест која секојдневно си ги покажува последиците.
Дани | ТВ Пакет